7 едноставни совети од Италијанките кои сакаат да готват

Со италијанската исхрана, не мора потполно да се откажете од своите омилени оброци, ниту, пак, од љубовта кон кулинарството. Како да подготвите вкусни, а здрави оброци како вистинска Италијанка?

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-1.jpg

Ви ги откриваме седумте златни правила на Италијанките, со чија помош ќе имате добар изглед, а истовремено ќе јадете сè и уживате во храната која вообичаено ја подготвувате за оброците.

Едноставните, но мошне полезни совети, по кои се водат едни од најубавите дами во светот се следните:

1. Користат маслиново масло

Со него го припремаат секој оброк, а одлично е и како зачин. Во салати, на леб, со месо – маслиновото масло им е главен додаток. Многу поздраво е од стандардното сончогледово масло, а и не содржи многу калории и масти.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-2.jpg

2. Преливи за тестенини

Тестенините се една од главните состојки во секој оброк, а Италијанките никогаш не престануваат да ги јадат. Тестенините не се лоши, но само кога се подготвени со преливи кои се здрави, што не е чест случај кај нас. Припремете лесни и нискокалорични преливи, кои ќе го подобрат вкусот на тестенините, а нема да предизвикаат таложење на масните наслаги.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-3.jpg

3. Баба – главен „информатор“

Бабите имаат доволно кулинарско знаење, да го подучат дури и најдобриот готвач во светот. Запрашајте ја својата баба што - како се подготвува, но и како да ги одберете најдобрите намирници. На тој начин, ќе научите многу традиционални рецети за готвење, кои се далеку повкусни и поздрави од модерните. Единственото нешто кое треба да го избегнувате се јаките запршки и големата количнина на масло, со кои нашите баби сакаат да ја „зачинат“ храната што ја приготвуваат. 

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-4.jpg

4. Големината на порцијата е важна

Иако не ја скриваат љубовта кон тестенините, сирењата и останатата вкусна,  но „нездрава“ храна, мора да се признае дека италијанските дами изгледаат навистина одлично, а сè поради контролата на порциите. Една порција со тестенини ним им е помеѓу 75 и 80 грама, додека кај мноштво дами од останатите земји, оброците се дури 180 грама.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-5.jpg

5. Меѓуоброците не постојат

Ужинките и ситните закуски, кои воглавно ни се провлекуваат на сите нам во текот на денот, се и најмногу заслужни за вишокот килограми и масните наслаги. Италијанките сакаат да издвојат доволно време за еден оброк, така што ужинките за нив не постојат.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-6_copy.jpg

6. Едноставност на оброците

За едноставноста е потребно вештина – ќе се сложат многумина. Креирајте оброци кои се богати со хранливи состојки, а истовремено ќе бидат едноставни по бројот на намирници. Изберете неколку главни намирници и направете си вкусен оброк за помалку од еден час.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-9.jpg

7. Леб

Како што ги сакаат тестенините, така го сакаат и лебот. Не се воздржуваат да го јадат со секој оброк, а тајната е во: балансот. Наместо да изедете половина леб во еден ден, ограничете се на едно до две тенки парчиња по оброк. На овој начин нема да предизвикате зголемување на килограмите, а повторно ќе уживате во еден од омилените пекарски производи.

7-ednostavni-soveti-od-italijankite-koi-sakaat-da-gotvat-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава