9 здрави јадења кои добро ќе ве заситат и ќе го победат гладот

Генералниот принцип е дека треба да имаме 3 главни добро избалансирани оброци во текот на денот на еднакви растојанија и 2 здрави ужинки, со вкупен внес на калории кој одговара на нашите дневни потреби, согласно возраста, тежината и физичката активност.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-01.jpg

Сепак, понекогаш се забораваме и јадеме еден голем оброк кој сметаме дека многу ќе нé засити или можеби половина чоколадо за кое сме убедени дека ќе ни го убие апетитот на подолг временски рок.

Но, вистината е многу поинаква. Всушност, сé зависи од комбинирањето на намирниците. Секако, треба да внимавате и на количината која ја јадете, но првенствено добрите здрави и хранливи оброци ќе ве заситат подолго и ќе се чувствувате поенергични и посвежи.

Ви предлагаме 9 оброци кои треба да ги вметнете во исхраната коишто со мали модификации во составот кои ќе направат голема разлика:

Паста со песто

Некако сите го одбегнуваме лебот и тестенините за појадок, но доколку не можете да им одолеете, згответе си порција паста наутро. Интегралните полнозрнести тестенини бавно ќе се разложуваат и апсорбираат, што значи дека ќе ви обезбедат многу енергија во текот на денот.

Додадете лажица песто, чедар кашкавал и полна рака јаткасти производи по избор за моќен енергетски ефект.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-02.jpg

Фалафел ќотфиња

Пржените ќофтиња од наут и зачини, помешани со лук, кромид, магдонос и ким се одлична замена за класичен протеин. Додадете ги во интегрално лепче со свеж зеленчук или лут сос и уживајте во егзотичниот орбок.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-03.jpg

Млади печени компири со лушпа

Доколку сте од оние кои ги лупите младите компирчиња пред варење, пржење или печење, престанете да го правите тоа. Лушпата на младите компири е особено здрава и содржи полисахариди, цинк, железо и магнезиум. Сепак, најздраво е да ги консумирате печени.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-04.jpg

Брауни колаче со темно чоколадо

За оние кои не можат без благо, сепак постои решение – тврдо „брауни“ колаче кое во сосавот задолжително треба да има јајца и темно чоколадо со над 70% какао. Не додавајте додатен шеќер, бидејќи тоа само ќе ви ја одземе енергијата.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-05.jpg

Десерт со малини

Кој било десерт во комбинација со малини е одличен за заситување на гладот. Ќе ве држи сити околу 5 до 6 часа најмногу поради количеството на растителни влакна во малините, а витаминот Ц ќе му помогне на телото да го синтетизира протеинот одговорен за топење на масните наслаги.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-06.jpg

Пуканки

Доколку не се приготвени со путер и ја избегнете солта, пуканките се одлична здрава ужина која добро ќе ве засити. Малку калории, а воедно се одликуваат и со одлични анти-карциногени својства.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-07.jpg

Мини сендвичиња со козјо сирење

За разлика од другите меки сирења, козјото содржи минимално количество сол со чија помош ќе ја одбегнете дехидрираноста на телото. Ставете неколку парченца на интегрален леб и комбинирајте со свеж зеленчук.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-08.jpg

Лут чили сос

Лутите зачини вообичаено ве држат сити подолг временски период, а истовремено се одлични за дигестивниот тракт. Воедно го топат вишокот масти, па доколку сакате и можете да јадете луто, не го одбегнувајте. Сепак, внимавајте на количината пиперчиња или лут сос и задолжително пијте многу вода.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-09.jpg

Бонус: Силно црно кафе

Кафето содржи антиоксиданти кои се особено полесни за телото и одлично го сузбиваат апетитот. Но, внимавајте, бидејќи кафето ги губи овие квалитети доколку има додатен шеќер и/или млеко. За промена, додадете малку цимет за подобар вкус, а зачинот воедно одлично влијае врз намалување на апетитот и шеќерот во крвта.

9-zdravi-jadenja-koi-dobro-ke-ve-zasitat-10.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава