Трикови со кои месото никогаш повеќе нема да ви излезе тврдо и жилаво

Подготовката на месото во рерна или тавче наизглед ни се чини како едноставна задача, но постојат одредени правила кои треба да ги следите и грешки кои не треба да ги повторите, за месото да биде меко и сочно, посебно кога на празничната трпеза се собрани најблиските.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-001.jpg

За оваа година да не се разочарате од тврдото и жилаво месо, следете ги овие правила:

- Некои делови од месото може да се купат со или без коски. Кога месото го печете со коска, печењето е подобро, бидејќи коските ги задржуваат природните сокови и го збогатуваат вкусот на месото.

- Зачинете го месото однапред. Би било добро да го посолите неколку часа, па дури и еден ден пред да го готвите, посебно ако се работи за големо парче. Направете и маринада од свежи билки  и зачини.

- Важно е месото да го чувате на собна температура пред печењето. Ако го ставите месото ладно да се пече или пржи, нема да биде рамномерно зготвено. Однадвор ќе биде попечено, а однатре живо.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-06.jpg

- Најдобро е месото да го печете на околу 190 степени.

- Меленото месо нема да се распадне ако прво го извалкате во брашно или лебни трошки. Пржете исклучиво во загреано, жешко масло.

- Говедското печење треба да го натопите неколку минути во зовриена вода, а потоа да го исушите пред печење. Месото така станува посочно и вкусно.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-04.jpg

- Црниот дроб ќе биде полесен за чистење ако го ставите 1 минута во врела вода. Мирисот може да се ублажи ако го оставите да отстои неколку часа во ладно млеко. Се посолува исклучиво откако ќе се испече.

- Печењето ќе добие крцкава кора и ќе остане сочно ако малку го наросите со неколку зрна кафеав шеќер и неколку пати го свртите низ жешкото масло.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-01.jpeg

- Печењето нема да загори ако го печете замотано во алуминиумска фолија или специјални кесички. Ако ги немате при рака овие две работи, тогаш задолжително ставете сад со жешка вода во рерната, за да не ја изгуби влажноста.

- Тврдото месо ќе стане повторно меко ако пред употреба добро го истенчите со чекан за месо или од сите страни го премачкате со лимон и сода бикарбона, па го оставите неколку часа да отстои. Потоа пребришете, намачкајте со масло и повторно оставете да отстои 10-тина минути пред готвењето.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-05.jpg

- Месото за печење мора да биде суво пред да го ставите на маслото. Тоа важи и за месото извадено од маринада, инаку ќе остане жилаво.

- Месото печено во сос ќе биде многу повкусно ако неколку минути пред послужувањето го оставиме да постои во сосот.

- Не смее да додавате ладна вода во садот за време на готвењето, во спротивно месото ќе остане тврдо.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-03.jpeg

- Сокот од печењето ќе биде многу повкусен ако го разредите со неколку капки црно сварено кафе.

- Овошните киселини го омекнуваат месото. Јаболкото, ананасот и крушата се одлични сојузници. Исечкајте неколку парчиња, ставете ги околу месото и заедно со нив печете.

- По печењето на месото, најдобро е да го оставите да „одмори“ половина час, покриено со чиста кујнска крпа или хартија за печење.

trikovi-so-koi-mesoto-nikogas-povekje-nema-da-vi-izleze-tvrdo-i-zilavo-02.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg