Храна која е лажно обвинета дека е лоша за здравјето

Начинот на исхрана отсекогаш била актуелна тема за разноразни дискусии и тврдења, врз база на кои секојдневно одлучуваме што ќе јадеме, а што ќе избегнуваме.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-01.jpg

Но, понекогаш и научниците грешат, па им требаат долги години да ја поправат грешката и да го увидат спротивното.

Така, оваа храна непотребно има стекнато лоша репутација, кога всушност, нема потреба да ја избегнувате.

1. Сол

Веќе со децении луѓето веруваат дека солта е лоша по здравјето и ја избегнуваат колку што можат. Се тврдеше дека внесувањето на сол може да предизвика висок крвен притисок, болести на срцето и бубрезите.

Но, по истражувањата во 2000-тите години, научниците открија дека всушност нискиот внес на сол може да предизвика проблеми со срцеви болести.

Кога престануваме да консумираме натриум, тогаш во телото се ослободуваат хормони и ензими кои го зголемуваат крвниот притисок.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-02.jpg

2. Јајца

Луѓето со години веруваат дека треба да го ограничат консумирањето на јајца, заради високиот холестерол, кој може да ги запуши артериите и да доведе до срцеви напади, дијабетес и други сериозни болести.

Години подоцна се докажа дека всушност има 2 типа на холестерол – лош и добар. Јајцата го содржат добриот холестерол.

Покрај тоа, полни се со антиоксиданси кои го штитат телото од болести предизвикани од стареење.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-03.jpg

3. Пуканки

Со години пуканките се вбројуваа во категорија „брза храна“ и „нездрави грицки“.

Сепак, истражувањата ни ги „отворија очите“ и докажаа дека имаат антиоксиданси и многу малку калории, па затоа се најдобрите грицки кои може да ги консумирате и кога сте на диета. Имајте на ум дека зборуваме за домашно приготвени пуканки.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-04.jpg

4. Кафе

Кафето долго време се сметаше за „порок“ кој предизвикува проблеми со срцето и го оштетува нервниот систем.

Сепак, новите истражувања покажуваат дека кафето спречува срцеви заболувања и ги подобрува функциите на мозокот, доколку се консумира во нормални граници.

Дури може да послужи како превенција од Паркинсова болест и Алцхајмер.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-05.jpg

5. Бел ориз

Постојат повеќе причини зошто треба почесто да консумирате бел ориз. Дел од нив се:

  • Лесен е за варење и не му претставува проблем на дигестивниот систем.
  • Помага при апсорбирање на токсините. Кога имате мачнини во стомакот, одлично е да каснете неколку лажици бел варен ориз.
  • Не содржи глутен.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-06.jpg

6. Пица

Приказната е иста како и кај пуканките – пицата не е штетна доколку ја подготвувате дома, со внимателно одбрани состојки. Напротив, таа може да биде извор на добри хранливи вредности.

Замислете си ја како мешавина од протеини, зеленчук и малку јаглехидрати (ако користите тесто направено од брашно од цели зрна).

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-07.jpg

7. Чоколадо

Чоколадото кое има над 70% какао не може да биде лошо по вашето здравје, доколку го консумирате умерено. Придобивките од него се:

  • Ја враќа флексибилноста на артериите, што е добро за срцето и циркулацијата.
  • Го намалува нивото на лош холестерол.
  • Му помага на мозокот да остане активен.
  • Го намалува ризикот од удар.

hrana-koja-e-lazno-obvineta-deka-e-losha-za-zdravjeto-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава