7 нутриционистички совети кои можете да ги најдете на Фејсбук, а се целосно погрешни

Очигледно вашата тетка не е единствената која што објавува лажни вести на Фејсбук. Според последните истражувања, социјалните мрежи се веројатно најнерелевантниот медиум преку кој можете да добиете совети во врска со исхраната.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-2.jpg

Лесли Бончи, нутриционист и сопственик на „Active Eating Advice“, наведува дека Фејсбукот е полн со дезинформации во врска со тоа што треба, а што не треба да јадеме.

Ова не значи дека не треба да им верувате на вестите кои што се пласирани на социјалните медиуми, туку како читатели треба само да внимаваме чиј е изворот и кој бил цитиран.

Најверодостојните информаци во врска со исхраната најчесто доаѓаат од лекарите, регистрираните диететичари, како и универзитетските професори од области поврзани со храната.

Според Лесли ова се веројатно најлошите совети за исхраната кои некогаш сте ги сретнале на Фејсбук:

Избегнувајте ги бананите доколку сте на диета

„Бананите се сметаат за храна со високо ниво на шеќери, и доколку ги јадете често тие може да бидат причина за зголемување на вашата телесна тежина.“ - На оваа реченица сме налетувале доста често, сепак таа не е во целост точна.

Имено, да, бананата содржи шеќери, меѓутоа ништо повеќе отколку останатите овошја. Освен што не содржи повеќе шеќери од едно јаболко или круша, бананата е богата со калиум, кој пак е од клучно значење за мускулатурата, но и за одржување на нервната и мозочната функција.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-3.jpg

Кората од лимон е помоќна и од хемотерапија

„Како нутриционист јас сум таа која треба да „проповедам“ за моќта на храната, сепак навистина е неблагодарно, а можеби и опасно да се каже дека кората од лимон е помоќна од хемотерапија.“ наведува познатиот нутриционист Ангела Лемонд.

Лимоните се богати со витамин Ц кој во поголеми дози е применуван при антиканцероген третман, сепак цитрусните овошја не се доволно силни за да можат да го заменат ефектот од хемотерапијата.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-4.jpg

Црвеното месо е лошо

Иако голем број истражувања докажаа дека јадењето на преработено црвено месо (колбаси, виршли, сувомесни производи и сл.) е еден од факторите кои предизвикуваат срцеви заболувања и рак, сепак истите истражувања не покажале корелација помеѓу необработеното црвено месо и овој тип на заболувања.

Нутриционистите препорачуваат црвеното месо да го внесувате редовно, но во ограничени количини 3-4 пати неделно. Истото се однесува и за другите здрави протеини како морска храна, млечни производи со ниска масленост и пилешко месо.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-5.jpg

Кокосовата вода е одличен избор за внес на течности по вежбање

„Течностите кои што ги губиме за време на вежбањето првенствено се составен од електролитен натриум", објаснува физиологот за вежбање Џеки Вомбли.

Кокосовата вода е во ред доколку ја пиете за да останете хидрирани во текот на денот, но не го обезбедуваат потребниот натриум за да го надополнувате она што сте го загубиле за време на интензивното вежбање.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-6.jpg

Јадете само органска храна

Изборот на органска во замена на конвенционална храна е личен избор. Сепак, доколку не можете да си дозволите да купите органски зеленчук и поради тоа не консумирате воопшто вие правите огромна грешка.

Придобивките од јадењето на каков било зеленчук – органски, неоргански, локален или увозен, секогаш ги надминуваат негативните ефекти од неупотребата на зеленчук. Затоа не се ограничувајте да се храните органски по секоја цена.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-7.jpg

 Не ја јадете жолчката од јајцето

Според една студија објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ во 2016 година, истражувачите ја разгледале поврзаноста помеѓу консумирањето на јајца, зголемувањето на холестеролот и коронарната артериска болест (CAD).

„Ниту еден од овие параметри не е во правопропорционален однос со потрошувачката на јајца, напротив, докажано е дека жолчката има поголемо ниво на хранлива вредност отколку белката“, вели експертот за шеќер во крвта Валери Голдстајн.

Имено, жолчката од јајце содржи витамини А, Б12, Д, Е и К, заедно со омега-3 масти, фолна киселина, холин и антиоксиданти лутеин и зеаксантин – тоа е и повеќе од доволна причина за да ги јадете јајцата цели.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-8.jpg

Прочистете го организмот преку консумирање на природни сокови (без причина)

Свежо цедениот сок не содржи доволно растителни влакна, па доколку редовно не консумирате тврда храна за да ги нахраните цревните бактерии, кога повторно ќе почнете да јадете, тие нема да знаат како да се справат со ново внесената храна.

Поради оваа причина немојте непотребно да го вознемирувате вашиот дигестивен систем без препорака од лекар или нутриционист. Што се однесува до идејата да го детоксицирате вашиот организам, имајте предвид дека човечкото тело е опремено со неверојатни органи задолжени за оваа работа – бубрези и црн дроб.

7-nutricionistichki-soveti-koi-mozete-da-gi-najdete-na-fejsbuk-a-se-celosno-pogreshni-9.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg