Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кулинарски трикови за сите кои немаат многу време за готвење

Освен оние кои се големи љубители на готвењето и сакаат да „заглават“ со часови во кујната, останатите сакаат да ја завршат таа работа порано.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-01.jpg

Сите имаат други обврски и немаат време цел ден да го поминат во кујната.

Па затоа, олеснителни трикови кои ќе им го скратат времето поминато во готвење се секогаш добредојдени.

Погледнете неколку трикови кои сигурно ќе ви бидат корисни:

1. Потопете ги во вода шпагетите и оставете ги да отстојат неколку часа пред да ги подготвите и кога ќе ги ставите во сварена вода ќе бидат готови за 1 минута.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-02.jpg

2. Исечете го мангото во правилни коцки за помалку од една минута на следниов начин:

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-03.gif

3. Направете карамелизиран кромид дупло побрзо така што ќе додадете 1 лажица сода бикарона при пржењето.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-04.jpg

4. За полесно да ги изрендате тврдите сирења и кашкавали, ставете го на собна температура.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-05.jpg

5. Најбрз начин да ја извадите семката од авокадото (користете остар нож и бидете многу внимателни):

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-06.gif

6. Замрзнете го месото за да можете подобро да го исечете на совршено тенки парчиња за пржење или печење.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-07.jpg

7. Гответе одеднаш поголема количина и поделете ги оброците за цела недела во посебни садови – истото може да го направите и со остатоците наместо да ги фрлате.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-08.jpg

8. Исечете го путерот на коцки за да омекне побрзо и да го намачкате полесно. Или така ставете го на малку загреана рингла.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-09.jpg

9. Ставете ги компирите во сад со зовриена вода и оставете ги 30 секунди. Потоа префрлете ги во сад со ладна вода. По 30 секунди, лушпата ќе можете да ја извадите со прсти.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-10.jpg

10. За полесно да исечете ананас на парчиња, земете остар нож, пресечете го на половина и одвојте ја внатрешноста од кората (како лубеница):

kulinarski trikovi za site koi ne sakaat da gubat mnogu vreme na gotvenje 11

11. Кога готвите зеленчук, заменете ја негазираната со газирана вода ако сакате да го забрзате процесот на подготовка.

kulinarski-trikovi-za-site-koi-ne-sakaat-da-gubat-mnogu-vreme-na-gotvenje-12.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Грешки во готвењето поради кои не ви успева ниту еден рецепт Многу долго го готвите зеленчукот и им ставате масло на печурките уште на почето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg