Знаци дека внесувате премногу шеќер во телото

Слатките производи се многу вкусни, како и сите останати кои содржат малку засладувач во нив.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto--01.jpg

Но, факт е дека не треба да се претерува со количината на шеќер која ја консумираме.

Тоа може да доведе до негативни ефекти, а за да препознаете дали одите во крајност, постојат секако знаци со кои телото сигнализира.

Неколку предупредувачки знаци кои ви ги дава телото со кои укажува дека е време да намалите со благото:

Болка во мускулите и зглобовите

Дали забележувате дека ги прескокнувате редовните физички активности бидејќи имате болки и сакате да одморите?

Тоа може да биде еден од знаците со кои телото ве предупредува на воспалителни внатрешни процеси, а предизвикувач може да е шеќерот.

Желба за слатка храна од различен вид

Шеќерот не може да ви го задржи чувството на ситост, па иако сте изеле колач пред 1 час, потоа може повторно да сакате да јадете.

Шеќерот испушта допамин, а тоа создава слично чувство  на зависност, а мозокот го гледа шеќерот како награда и колку повеќе го внесувате, толку повеќе телото го бара.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto-02.jpg

Зголемување и намалување на енергијата

Глукозата е одговорна за снабдување на телото со енергија и затоа е важно шеќерот да се одржува на соодветно ниво.

Секоја девијација може да доведе до промена на расположението и енергијата во текот на денот.

Кога јадете благо, панкреасот испушта инсулин за да помогне глукозата да стигне до клетките со што ви дава енергија.

Кога ќе заврши циклсуот, се чувствувате „паднато“ бидејќи на телото му е потребно уште шеќер.

Менување на кожата и појава на акни

Со големиот внес на шеќер во телото, се случуваат комплицирани процеси во него и може да се предизвикаат проблеми со кожата и воспаленија, што води до ризик од акни.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto-03.jpg

Зголемување на тежината

Веројатно најочигледниот знак дека претерувате со шеќерот и слатките ќе го покаже вагата.

Високото ниво на шеќер го зголемува лачењето на инсулин кој складира вишок масти најмногу  околу стомакот.

Расипани заби

Благата храна и шеќерот придонесуваат за кариес и расипување на забите, така што се заглавуваат помеѓу забите каде тешко може да ги извадите, а тоа уште повеќе го забрзува процесот.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto-04.jpg

Високо ниво на толеранција на шеќер

Кога секојдневно јадете многу благо, се навикнувате на истото ниво на слаткост и може да не реагирате на истото како порано, туку да ви е потребно постојано повеќе.

Доколку веќе ништо не ви е доволно благо, скратете го консумирањето на шеќер.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto-05.jpg

Чести настинки

Прекумерното консумирање шеќер ги блокира клетките на имунолошкиот систем кои ги напаѓаат бактериите кога сте настинати.

За да го спречите тоа и функциите во организмот да се одвиваат правилно, намалете го внесот на шеќер и заменете го со овошје и зеленчук богати со хранливи состојки.

Подуеност

Чувството на подуеност и гасови, како и непријатно чувство во стомакот може да бидат предизвикани од различни видови храна, а шеќерот е дел од нив.

Ако шеќерите се лошо апсорбирани во тенкото црево, тие ќе влезат во дебелото каде шеќерот се однесува како бактерија за создавање гасови.

znaci-deka-vnesuvate-premnogu-shekjer-vo-teloto-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
9 митови за храната во кои не треба да веруваме Дали навистина пуканките се поздрави од чипсот, жолтите јајца се подобри од бели...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
За домаќини и домаќинки: 8 трикови за да ги изберете најсвежите производи на пазар Дали знаете дека белиот слој на грозјето е сигурен знак дека купувате свежо и кв...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg