Родители, бирајте ги внимателно здравите намирници за вашите деца

Младите родители, особено оние кои првпат имаат дете, прават сè што е во нивна моќ за малиот член на семејството да биде здрав, што понекогаш едноставно, ги преминуваат разумните граници.

roditeli-birajte-gi-vnimatelo-zdravite-namirnici-za-vashite-deca-01.jpg

Постојат родители кои опсесивно им даваат на децата сирупи и додатоци во исхраната за имунитет и ги „налеваат“ со цедени сокови.

Сепак, физиологијата на малото детско тело е поразлична од онаа на возрасен човек, па затоа се случуваат грешки, кои во најмала рака, можат да им наштетат на децата:

Цеден сок

Иако е многу популарен начин на исхрана, со цедените сокови и смутијата добивате вкусна течност со мала количина хранливи состојки, бидејќи сите значајни растителни влакна и цврстата материја ја исфрлате заедно со пулпата која останува во контејнерот од соковникот. Наместо сок, дајте им да изедат парче свежо овошје.

roditeli-birajte-gi-vnimatelo-zdravite-namirnici-za-vashite-deca-02.jpg

Јогурт

Избирате нискомаслен јогурт збогатен со пробиотик и витамини? Од тоа воопшто нема потреба, бидејќи вистинскиот јогурт сам по себе е пробиотик. Заборавете на сите тие специјални јогурти и купувајте најобичен, полномасен јогурт. Избегнувајте ги засладените и овошни десерти врз основа на јогурт, бидејќи во нив нема ништо здраво.

Житарици

Житните снегулки и муслите изгледаат како здрав избор за оброк, но она што е наведено со ситни букви на задната страна на пакувањето, е дека при нивното производство се користат подобрувачи на вкус, шеќери и засладувачи. Подобро е да купувате житарици во цело зрно и да ги варите пред да ги додадете во јогурт или со нив да подготвите овошни каши.

roditeli-birajte-gi-vnimatelo-zdravite-namirnici-za-vashite-deca-03.jpg

Мед

Децата помлади од две години воопшто не треба да консумираат мед, колку и да ви е познато и сигурно неговото потекло. Освен што е алерген, медот содржи и состојки кои дигестивниот систем на детето не може да ги процесира.

Грозје

Исто како и за медот, почекајте вашето дете да биде постаро од две години за да можете безгрижно да му давате грозје. Помалите деца немаат развиени рефлекси, а зрната грозје се лизгави и лесно може да ги проголтаат цели зрна или пак да им застанат во грлото.

roditeli-birajte-gi-vnimatelo-zdravite-namirnici-za-vashite-deca-04.jpg

Мултивитамини и суплементи

Доколку за тоа нема реална потреба и доколку не препорача лекар, немојте на своја рака да давате додатоци во исхраната.

Милкшејк

Иако е поздрава верзија од газираниот сок, за најмалите најдобар избор за пиење се само водата и незасладените чаеви.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава