5 комбинации на храна за максимален здравствен бенефит

Кога сме решиле да се храниме здраво, не е доволно само да го наполниме дневното мени со здрави и хранливи намирници, туку треба и правилно да ги комбинираме, за да можеме да ги искористиме сите бенефити.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-01.jpg

Само со правилното комбинирање, нашиот дигестивен систем ќе успее да ги свари и апсорбира нутритивните материи.

Следете ги следниве формули за комбинирање на здравите производи:

1. Хумус и црвени пиперки за покачување на железото

Железо од неживотинско потекло добиваме од свежите зеленчуци, јаткастите плодови и одредени житарици, но организмот не секогаш правилно го апсорбира.

Витаминот Ц од пиперките помага да се апсорбира железото од леблебијата од која е направен хумусот.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-02.jpg

2. Домат и авокадо за подобар вид

Доматите се богати со ликопен, кој е клучен нутриент во зачувување на видот, а во исто време е и антиоксиданс. Но, на ликопенот му треба масна подлога за подобро да се апсорбира, а нема поздрав плод богат со растителна маст од авокадото.

Можете да направите едноставна салата од домати и авокадо или пак, да додадете парче домат на вашиот тост со авокадо.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-03.jpg

3. Изварка и ананас за помалку грчеви во мускулите

Ваквата комбинација е одлична за после вежбање. Изварката содржи доволно протеини, додека пак ананасот е богат со лесно сварливи јаглехидрати. Заедно, ги релаксираат мускулите, но и ги пренасочуваат аминокиселините токму во мускулните клетки.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-04.jpg

4. Кељ, печурки и маслиново масло за поцврсти коски

Сите овие намирници имаат неприкосновени позитивни ефекти врз вашето здравје, но нивната комбинација помага калциумот полесно да се транспортира до коските.

Исто така, со помош на салата од кељ, печурки и маслиново масло, ќе внесете доволно витамини Д и К, кои ги прават вашите коски поотпорни и поцврсти.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-05.jpg

5. Лосос и бадеми за здраво срце

Омега-3 масните киселини го нормализираат притисокот и ја регулираат густината на крвта, а со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Ако го комбинирате лососот со некоја јатка, како бадем, орев или лешник, добивате моќен и вкусен сојузник во зачувувањето на здравјето на срцевиот мускул.

5-kombinacii-na-hrana-za-maksimalen-zdravstven-benefit-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава