Сезона на мускатна тиква – слатка, путереста и одлична за здравјето

„Македонската банана“ ќе ја пронајдете со неколку имиња – мускатна, долгнавеста, путерна, мирислива, шеќерна тиква. Видот има крушовидна форма, светло портокалова боја, исполнета со слатко и сочно „месо“.

Sezona-na-muskatna-tikva-01.jpg

Од сите видови на тикви, оваа е најдобра за подготовка на пити и колачи, како и солени јадења и крем-чорби.

А нема да погрешите доколку едноставно ја испечете со малку цимет и кафеав шеќер, така е и највкусна.

Sezona-na-muskatna-tikva-02.jpg

Англиското име (Butternut Squash) упатува на нејзиниот путерест фактор и истата е одличен извор на растителни влакна, калиум и уште многу други корисни хранливи материи.

205 gr зготвена тиква содржи:

  • Само 82 калории
  • 1.8 gr протеин
  • 0.18 gr маснотии
  • 21.5 gr јаглени хидрати, од кои 4 gr шеќер и 6.6 gr растителни влакна.
  • 84 mg калциум
  • 1.23 mg железо
  • 59 mg магнезиум
  • 55 mg фосфор
  • 31 mg витамин Ц и
  • 1144 mcg витамин А.

(*Имајте предвид дека препорачаната дневна доза витамин А за мажи изнесува 900 mcg дневно, а за жени 700 mcg).

Мускатната тиква, исто така, е одличен извор на витамин Е, витамин Б-6, фолна киселина и многу други хранливи материи.

Една шолја исечкана тиква на коцки ќе ви обезбеди 582 mg калиум, што е многу повеќе отколку количината која се содржи во 1 банана.

Здравствените придобивки од консумирањето на мускатната тиква се многубројни. Лесно ќе го намалите вишокот на килограми, а тиквата се покажува како одличен додаток во борбата против дијабетесот и срцевите заболувања.

Истовремено, ја подобрува структурата на кожата давајќи ѝ еластичност и сјај и ја зголемува енергијата.

Сезона на тикви – зарем има нешто послатко, поздраво и повкусно?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава