Што би требало да содржат оброците во градинките?

Храната која се подготвува за децата мора да биде со висок квалитет во секој поглед. Тоа значи дека мора да биде спремена на најдобар можен начин, мора да биде здрава и квалитетна, да биде разновидна, да биде нутритивно богата и секако да биде многу вкусна.

shto-bi-trebalo-da-sodrzhat-oborcite-vo-gradinkite-05.jpg

Исто така, добро би било храната за деца да биде малку поспецифично декорирана, затоа што и на тој начин треба да се привлече нивното внимание и да се заинтересираат за храната.

Што треба да консумираат децата:

Супи и чорби

Неколку пати во неделата на менито за храна на децата мора да се најде некоја супа или чорба. Обично се предлага тоа да биде пилешка супа, но да биде спремена на најдобар можен начин. Сите ја сакаат пилешката супа, а особено децата.

Пилешката супа закрепнува, здрава е и сосема е нутритивно богата, токму онолку колку што и на децата им треба. Чорбите можат да бидат и говедски, а тоа може да биде и супа од домати. Супите и чорбите не би требало да бидат премногу масни или зачинети. Тоа се треба да биде максимално здраво припремено.

shto-bi-trebalo-da-sodrzhat-oborcite-vo-gradinkite-02.jpg

Месо

Месото е многу важно во секојдневната исхрана на децата. Тоа значи дека месото би требало да го има на менито, а пред сè тоа треба да биде пилешко месо, секако некогаш е дозволено тоа да бидат и ќофтиња од мелено месо или пак шницли и сл. Најдобро е тоа да биде некое печено месо, односно бело месо во некоја поздрава варијанта.

shto-bi-trebalo-da-sodrzhat-oborcite-vo-gradinkite-01.jpg

Салати - од зеленчук, а може и овошни

Секако, во прилог на главниот оброк би требало да оди и салата од зеленчук, која е моментално сезонски актуелна. Но, исто така пожелно е да има и овошни салати и тоа во што поголеми дози.

Генерално не сакаат сите деца да јадат овошје и тогаш е потребно тоа да им се претстави на вистински начин.

shto-bi-trebalo-da-sodrzhat-oborcite-vo-gradinkite-03.jpg

Десерт

Во глобала сите би сакале да изедеме нешто слатко по ручекот, па така и децата. Кога знаат дека нешто слатко ги чека по ручекот, сигурно уште повеќе ќе им „легне“ храната којашто во моментот ја јадат. Тоа значи дека храната во градинките би требало да содржи и нешто слатко како што се мали пити, мафини, палачинки и сл.

И секако дека не би требало да постои десерт после секој оброк или секој ден, но пожелно е тоа да биде барем еднаш или два пати недело. Наместо калоричен десерт, секогаш тоа може да биде некоја вкусна овошна салата.

shto-bi-trebalo-da-sodrzhat-oborcite-vo-gradinkite-04.jpg

M. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава