Збринц - најстарото сирење во Европа сега и на вашата трпеза

Алпи, чоколади, часовници... Швајцарија може да се пофали со многу работи по кои е позната во светот, но малкумина знаат дека тоа е земјава во која е направено најстарото сирење во Европа – збринц. Ова сирење се произведува и денес според традиционалниот рецепт, но само во триесетина строго избрани млекарници и планински фарми во централна Швајцарија.

zbrinc-najstaroto-sirenje-vo-evropa-sega-i-na-vasata-trpeza-01.jpg

Збринц е екстра тврдо, ароматично сирење направено од првокласно швајцарско млеко. Станува збор за полномасно сирење кое се произведува од непастеризирано кравјо млеко, по истиот рецепт по кој се правело уште пред стотици години. Збринц е 100 отсто природно сирење бидејќи се прави од најквалитетно сирово млеко, со природно солило, без додавање на никакви адитиви. Поради тоа, само триесетина млекарници и фарми во Швајцарија кои ги исполнуваат многу строгите барања и критериуми за негово производство смеат да прават збринц. Тие користат само локално млеко од кравите кои пасат на најблиските планински пасишта и кои се хранат само со природна храна (трева и сено). 

Ова сирење ги освојува срцата на сите гурмани низ светот, но достапно е и кај нас. Во Македонија може да се најде како ексклузивен производ во маркетите на Веро што го дистрибуира италијанската компанија „Леоне“, семејна компанија која повеќе од половина век се занимава со производство, зреење и дистрибуција на најквалитетни млечни производи со уникатен вкус.     

За да може да се конзумира и продава како збринц, ова сирење мора да зрее најмалку 18 месеци. По овој период, смее да се сече и да се дегустира бидејќи тогаш добива слаткаст, зачинет и силен вкус. Колку подолго зрее, толку станува поароматично и позачинето. Комплетниот финален вкус на ова сирење се оформува откако ќе зрее од 24 до 30 месеци, период по кој е комплетно подготвено за конзумирање и кога може да се почувствува уникатноста на збринцот.

zbrinc-najstaroto-sirenje-vo-evropa-sega-i-na-vasata-trpeza-02.jpg

Комбинации со храна и вино

Љубителите на сирење, но и сите сладокусци, може да уживаат во неверјатниот вкус на збринц  послужен на три начини. Може да се јаде исечкан на покрупни парчиња сервирани во чинија, заедно со сушено овошје како на пример брусница, суво грозје и кајсии, но и со различни видови свежо овошје како јаболка, диња, круши, грозје и сл. Збринц кој зреел 18 месеци може да се исече на тенки ленти кои може да се свиткаат во ролни и да послужат како одличен додаток на крцкав леб намачкан со путер или пак да се конзумираат со други видови сирење. Добро зреен збринц, пак, може да се ренда и да се користи како највкусен додаток на различни видови паста или рижото. Оваа варијанта на збринц во швајцарската кујна честопати се користи како замена за италијанскиот пармезан.  

Грациозниот и експанзивен вкус на збринц дефинитивно најдобро оди во пар со вината од таа категорија. Неговата грануларна текстура е совршен партнер на шампањот, но и на многу други вина кои се движат од шардоне до пино ноар.  

zbrinc-najstaroto-sirenje-vo-evropa-sega-i-na-vasata-trpeza-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg