Колку авокадо или телешки џигер треба да изедете за да ве „убие“?

Авокадото со години важи за неизоставна намирница меѓу оние кои се хранат здраво, но и кај оние кои сакаат да направат добар сос за паста или гвакамоле.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-01.jpg

Но, дали може да се претера со авокадо?

Еве колку авокадо, но и други здрави намирници, се потребни за да предизвикаат труење или нарушување на дигестивниот систем, а кои може да бидат фатални за вас:

Телешки џигер

Џигерот содржи витамин А, кој ни е потребен, но не смее ниту да се претерува со него. Сепак, потребно е огромна количина, околу 150 килограми, за да предизвика инстантна смрт.

Затоа, држете се до препорачаната количина од околу 200 грама на ден и тоа не повеќе од двапати неделно.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-02.jpg

Авокадо

Авокадото содржи доволно калиум (повеќе од бананата) за да ги задоволи дневните потреби од овој минерал. Но, во исто време е и богато со масти, кои може да го нарушат работењето на кариоваскуларниот систем.

Не претерувајте со изедената количина, но и не се плашете, бидејќи треба да изедете 200-240 авокада за да предизвикаат смрт.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-03.jpg

Темно чоколадо

Количината на какао во еден до два реда темно чоколадо ќе ви го подобри притисокот и ќе ве направи посреќни. За да предизвикаат смрт, треба да се изедат над 300 чоко-табли, што е практично невозможно.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-04.jpg

Лубеница

Омиленото летно овошје е богато со вода, електролити и минерали и мислите дека нема ништо опасно во тоа да ја јадете неограничено.

Сепак, количината која може да убие е доволно голема за да бидете надвор од опасност. Имено, треба да се изедат три или четири лубеници, за да претерате.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-05.jpg

Кафе

Околу кафето постојано се водат дебати дали е штетно или не. Одговорот е дека сè е во количината која ја пиете. Но, за да ве убие, треба да испиете 50-70 шолјички кафе.

kolku-avokado-treba-da-izedete-za-da-ve-ubie-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава