5 причини зошто да јадете чоколадо без шеќер

Шеќерот е познат како извор на неколку проблеми и заболувања како што се хипертензија, дијабетес и дебелина. Но сите знаеме колку е тешко да се откажеме од благиот вкус на задоволството кое ни го овозможуваат производите од шеќер.

Eve zosto treba da jadete cokolado bez seker 01

Можете ли да замислите чоколадо без дополнителен шеќер? Не би било лошо да се обидете, бидејќи постојат многу причини зошто треба да јадете чоколадо без шеќер.

Чоколадото е врвен деликатес во кој уживаат луѓето низ целиот свет. За чоколадото се вели дека е храната на боговите, бидејќи, покрај својот неодолив вкус, содржи многу состојки кои се важни за нашето здравје.

Содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор и железо. Во Европа го донеле шпанските монаси кои патувале со Колумбо во 16-от век, додека какаото го користеле како лек.

Она чоколадо што го знаеме денес е родено во првата половина на 19-от век во Холандија, а наскоро станало хит низ целиот свет.

Чоколадото претставува идеална мешавина на привлечни вкусови и лековити својства, но само ако е направено без шеќер.

Не мора да престанете да консумирате чоколадо, но може почесто да го јадете она без шеќер - зошто?

Помалку шеќер - Малтилол е засладувач кој ја заменува сахарозата. Се работи за поздрава верзија која најмногу ја користат спортистите и дијабетичарите.

Помалку калории – Доколку ја замените сахарозата со малтиолот ќе добиете 45% помалку калории од шеќерот. Чоколадо без додаден шеќер е погодно за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава и избалансирана исхрана.

Eve zosto treba da jadete cokolado bez seker 02

Помалку кариес - Шеќерот е несомнено одговорен за проблемите со забите, а кога ќе го намалите консумирањето, ќе го намалите и ризикот од кариес.

Помала зависност - Со енергетска вредност од 2,1 калорија по грам, малтилолот побавно се апсорбира во телото, во споредба со вообичаените, брзи шеќери, задоволува подолго и создава помалку зависност од шеќер.

Помалку триглицериди - Познато е дека црниот дроб го претвора вишокот шеќери во триглицериди (холестерол). Со консумирање на чоколадо без дополнителен шеќер постои помал ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg