Што да јадете првиот месец по породувањето?

Првите неколку недели по породувањето се физички, ментално и емотивно исцрпувачки. И покрај тоа што првиот месец е одлично време да се фокусирате на вашето здравје и благосостојба, грижата за себе гарантирано нема да биде на врвот на вашата листа.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 01

Но, не мора да излезете од дома за да си помогнете. Всушност, добриот избор на храна ќе ви помогне побрзо да се опоравите и да се навикнете на новонастанатата состојба.

И бидејќи недостатокот на сон нема да ви дозволи да престојувате во кујната со часови и да сецкате зелена салата, еве неколку намирници што мора да ги имате дома за брзо и квалитетно ги наполните батериите:

Овесна каша

Оброк богат со растителни влакна и протеини, ќе ве засити за миг. Се вели дека овесот помага при лактација ако доите.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 02

Јатки

Овие здрави масти, исто така, содржат протеини, што ги прави одлична закуска, а лесно можете да дофатите грст кога ви треба малку повеќе енергија.

Овие здрави маснотии се од суштинско значење за органите на вашето бебе и развојот на мозокот, како и за вашиот метаболизам и производство на млеко.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 03

Путер од јатки

Без разлика дали сакате путер од кикирики, путер од бадеми или друг вид јатки, ова е одличен избор за да имате при рака брза доза на протеини и здрави маснотии.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 04

Јајца

Варени, пржени, секакви... Не ви се потребни повеќе од десетина минути за подготовка, а може и да сварите поголема количина и да ги сместите во фрижидер - така ќе имате спремна надополна на протеини.

Јајцата, исто така, содржат многу хранливи материи и витамини кои можат да помогнат во опоравувањето од раѓањето.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 05

Хумус

Полн е со протеини, растителни влакна и здрави маснотии благодарение на наутот, тахини и маслиновото масло од кое е направен. Намачкајте го на леб или користете го како сос за крекери.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 06

Замрзнато овошје и зеленчук

Замрзнати затоа што тешко дека ќе имате време да ги надополнувате свежите залихи. Може да ги одмрзнете во микробранова, а поздрава варијанта е едноставно да ги изблендирате.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 07

Сладок компир

Богат е со хранливи материи, лесен за правење и има подолг рок на употреба од другиот зеленчук. Содржи витамин А, кој се пренесува преку мајчиното млеко на бебето, а исто така го поддржува имунитетот.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 08

Јаболка

Како и слатките компири, јаболката има подолг рок на употреба од повеќето други плодови и кога се јаде со путер од јатки, е совршена мешавина на протеини, здрави маснотии и комплексни јаглехидрати за да ја задржите енергијата.

Sto da jadete prviot mesec po poroduvanjeto 09

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg