Ако ги варите тестенините додавајќи масло во водата, правите голема грешка

Доколку сте од оние кои ги варат тестенините со додавање на масло во водата, правите голема грешка. Солта е важна бидејќи го подобрува вкусот, но маслото може само да го расипе.

Ako-gi-varite-testeninite-dodavajki-maslo-vo-vodata-pravite-golema-greska-01.jpg

Покрај тоа, маслото не се раствора во вода, па верување дека на овој начин ќе го спречите лепењето на тестенините е само обичен мит. Она што ќе им помогне да го развијат вкусот е варењето во големо тенџере полно со вода, каде што ќе имаат доволно простор да се сварат.

Ова е тврдењето на искусен хрватски готвач од Загреб кој ќе ве убеди дека тестенините се варат исклучиво во зовриена, солена вода.

„Солта е важна со цел тестенините да не бидат блуткави, но маслото може да им го расипе вкусот“.

Тој додава дека сосот за тестенините се додава веднаш по варењето, додека се сè уште врели. Потребно е тестенините само да ги прецедите, но не и да ги премиете со ладна вода. Добро е да оставите малку од водата во којашто се вареле, бидејќи откако ќе го додадете сосот водичката која останалa ќе го подобри вкусот и ќе му помогне на сосот да се згусне благодарение на скробот кој го содржи во себе.

„Квалитетните тестенини нема да се лепат откако ќе се сварат. Но, важно е да ги варите во што поголемо тенџере, со што е можно повеќе вода“, дополнува професионалниот гастроном.

Додека тестенините се варат не заборавајте да ги промешате. Масло врз тестенините се додава само доколку истите ги консумирате подоцна. Но, и тука водата ќе ви биде од голема помош.

„Тестенините кои веќе сте ги свариле, а сакате да ги јадете наредниот ден може да ги ’освежите‘ на тој начин што ќе им додадете неколку капки масло, а потоа ќе ги ставите неколку секунди во врела вода. Потоа само прецедете ги“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
Седум работи што е подобро да НЕ ги готвите во Air Fryer Не пробувајте да направите пуканки во Air Fryer ниту храна со течно тесто, како ...

Најчитани неделава