6 додатоци за салати што дебелеат и 6 што се добри за вашата линија

Во текот на летото сите преферираме „полесна“ храна, па салатите неретко се дел од нашето мени. Покрај тоа, салатите се одличен оброк доколку внимавате на вашата линија.

6-dodatoci-za-salati-shto-debeleat-i-6-shto-se-dobri-za-vashata-linija-01.jpg

Но, самo затоа што е салата, не значи дека е здрава или дека има малку калории. Имено, некои додатоци во салатите можат да ги направат вистински калорични бомби.

Па, доколку не сакате да качите некој килограм, избегнувајте да ги додавате овие нешта во вашите салати:

Пченка

Доколку сакате да го намалите внесот на јаглехидрати и калории, немојте да додавате пченка во салатите.

Павлака

Павлаката е полна со калории и масти. Ако ја додадете во салата, вашиот оброк ќе брои многу калории.

Зачинети крекери

Ако сакате да го намалите внесот на леб и тестенини, немојте никако да додавате зачинети крекери и двопеци во вашата салата. Тоа е исто како да сте изеле 1-2 парчиња леб.

6-dodatoci-za-salati-shto-debeleat-i-6-shto-se-dobri-za-vashata-linija-02.jpg

Солени јаткасти плодови

Сировите јаткасти плодови и семиња се одличен здрав додаток. Но доколку се солени или со други додатоци, во нив има повеќе масти и калории.

Сланина

Сигурно веќе знаете дека свинското ви е голем непријател доколку сакате да ослабите.

Сосови со мајонез

Сите сосови што содржат мајонез се мрсни и калорични.

6-dodatoci-za-salati-shto-debeleat-i-6-shto-se-dobri-za-vashata-linija-03.jpg

Ова не значи дека во вашата салата треба да има само зеленчук.

Постојат и некои здрави додатоци што значително ќе го подобрат вкусот, а нема да имаат лошо влијание врз вашата линија:

Сушено овошје

Сушеното овошје како рибизли, грозје или кајсија е одличен додаток за салатата. Сушеното овошје е богато со хранливи влакна, како и витамин А. Во овој случај само внимавајте да користите сушено овошје што не е засладено.

Тврдо варено јајце

Јајцата можат да бидат навистина хранлив додаток во вашата салата. Едно тврдо варено јајце има 6 грама протеини и над 15 потребни витамини и минерали, а има само 77 калории.

Свежи зачини

Најпознатите свежи зачини за салати се босилек, нане, рузмарин, магдонос и оригано. Тие се одличен начин да го подобрите вкусот на вашата салата без да го зголемите бројот на калории.

6-dodatoci-za-salati-shto-debeleat-i-6-shto-se-dobri-za-vashata-linija-04.jpg

Калинка

Калинката ќе направи вашата салата да изгледа поубаво и е навистина хранлива. Некои истражувања покажале дека ова овошје е богато со антиоксиданси.

Преливи со масло и оцет

Маслиновото масло е одличен извор на здрави масти. Измешајте 2 лажици маслиново масло и 1 лажица оцет за брз и вкусен прелив.

Маслинки

Маслинките се вкусни и полни со здрави масти. Само внимавајте доколку го контролирате внесот на сол, бидејќи маслинките можат да бидат многу солени.

6-dodatoci-za-salati-shto-debeleat-i-6-shto-se-dobri-za-vashata-linija-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава