Храна што може да биде поштетна дури и од цигарите

Знаевте ли дека денес, лошата и нездрава исхрана убива многу повеќе луѓе од цигарите?

prehranbeni-produkti-shto-mozhat-da-bidat-poshtetni-duri-i-od-cigarite-01.jpg

Некои прехранбени продукти можат да бидат навистина деструктивни за вашиот организам и да нанесат повеќе штета дури и од цигарите.

Погледнете за кои станува збор:

Туна

Туната е можеби најпопуларна риба за јадење, но проблемот е што има премногу жива. Обично оваа хемикалија е испуштена во океаните од големите фабрики, по што станува дел од исхраната на рибите.

Поради ова многу риби, вклучувајќи ја и туната, содржат високо количество жива.

Високото количество жива во крвта може да резултира со проблеми со сеќавањето и концентрацијата, анксиозност и срцеви заболувања.

prehranbeni-produkti-shto-mozhat-da-bidat-poshtetni-duri-i-od-cigarite-02.jpg

Суши

Самото суши не е штетно, но денес постојат толку многу верзии со секакви додатоци кои можат да предизвикаат проблеми со здравјето. Денес постојат суши со мајонез, крем-сирење, сосови и други додатоци што го прават сушито навистина калорична храна.

Доколку сакате да уживате во вкусот на сушито, најдобро е да консумирате едноставни видови со лосос или сашими.

prehranbeni-produkti-shto-mozhat-da-bidat-poshtetni-duri-i-od-cigarite-03.jpg

Риба од рибник

Дивите риби се одличен извор на омега 3 маси киселини кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Но, нивната количина многу зависи од исхраната на рибата.

Најчесто рибата што се продава по маркетите доаѓа од рибници. Понекогаш овие риби се хранети со разни адитиви што го забрзуваат нивниот раст.

prehranbeni-produkti-shto-mozhat-da-bidat-poshtetni-duri-i-od-cigarite-04.jpg

Соја

Сојата може да биде исто проблематична за вашето здравје колку и за околината. Наводно, сојата е најдеструктивното растение што се одгледува бидејќи ги собира сите хранливи материи од почвата.

Покрај тоа, поголемиот дел од сојата што се нуди на пазарот е генетски модифицирана, па речиси и да не добивате ништо од потребните хранливи материи.

Истовремено, сојата е богата со изофлавони, односно растителни естрогени, па го зголемува нивото на естроген во телото и може да предизвика проблеми со менструалниот циклус.

prehranbeni-produkti-shto-mozhat-da-bidat-poshtetni-duri-i-od-cigarite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава