9 здрави ужинки кои лесно се сместуваат во фиоката од работното биро

Здравата ужина во текот на работниот ден е клучна доколку сакате да имате доволно енергија и концентрација.

10-zdravi-uzhini-shto-mozhete-da-gi-chuvate-vo-fiokata-od-rabotnata-masa-01.jpg

Без разлика што треба да завршите денес, здравиот оброк ќе во помогне да ја зачувате вашата енергија, особено попладне кога заморот напаѓа најсилно.

Доколку немате идеја што би можеле да јадете на работа, погледнете ги овие предлози за ужина што можете да ја чувате во работната маса.

Семиња

Семињата се одличен извор на протеини, а истовремено е навистина лесно да ги чувате без да направите неред.

Можете да јадете само семиња, или да ги додадете во тост, јогурт или овесна каша. Одличен избор се семињата од сончоглед и чиа.

10-zdravi-uzhini-shto-mozhete-da-gi-chuvate-vo-fiokata-od-rabotnata-masa-02.jpg

Обични овесни снегулки

Овесните снегулки не се само за појадок, туку можат да бидат и богата ужина. Кога во зима ќе сакате нешто топло, сосема доволно е да прелиете шолја овесни снегулки со топла вода и малку цимет.

10-zdravi-uzhini-shto-mozhete-da-gi-chuvate-vo-fiokata-od-rabotnata-masa-03.jpg

Сирови јаткасти плодови

Сировите јаткасти плодови се одлични за во канцеларија бидејќи нема да се расипат, а содржат големо количество протеини и здрави масти.

Јаткастите плодови можете да ги комбинирате и со овесни снегулки.

10-zdravi-uzhini-shto-mozhete-da-gi-chuvate-vo-fiokata-od-rabotnata-masa-04.jpg

Суво овошје

Сувото овошје ќе ви ја задоволи желбата за благо, а истовремено ќе ви помогне да го снабдите организмот со хранливи влакна.

Можете да комбинирате суво овошје со јаткасти плодови или семиња.

10-zdravi-uzhini-shto-mozhete-da-gi-chuvate-vo-fiokata-od-rabotnata-masa-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...

Најчитани неделава