Храна и пијалаци што можат да го подобрат женското здравје

Куркумата помага во борбата против инфекции

Куркумата е најдобро истраженото медицинско растение и често се користи за разни заболувања.

Куркумата содржи моќни антиоксиданти и има силно антивоспалително дејство. Ова растение има и антигабични, антибактериски и антивирусни својства, па може да помогне и во третирањето на кандида.

hrana-i-pijalaci-shto-mozhat-da-go-podobrat-zhenskoto-zdravje-06.jpg

Индиските ореви се одлични за мускулите

Индиските ореви се добар извор на минерали, особено магнезиум, калиум, фосфор, циник и селен. Покрај тоа, овој јаткаст плод содржи и железо, манган и бакар, кои се клучни за срцето и мускулите.

Најдоброто кај индиските ореви е што имаат многу помалку масти, за разлика од другите јаткасти плодови.

hrana-i-pijalaci-shto-mozhat-da-go-podobrat-zhenskoto-zdravje-07.jpg

Киноата ги зајакнува фоликулите на влакната

Киноата е богата со протеини и хранливи влакна, па брзо заситува. Оние кои се хранат здраво ја консумираат често, а неретко ја користат и како замена за ориз.

Благодарение на протеините, киноата ги штити и храни фоликулите на влакната и го хидрира скалпот.

hrana-i-pijalaci-shto-mozhat-da-go-podobrat-zhenskoto-zdravje-08.jpg

Храната богата со омега 3 масни киселини го намалува ризикот од срцеви заболувања

Постојат неколку намирници богати со омега 3 масни киселини, а најчестите се морските плодови како лосос, туна и сардина.

Овие намирници содржат неколку вида киселини, кои се одлични за женското здравје. На пример, помагаат во развојот на бебето во матката и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Можете да консумирате и други намирници во кои има додадено омега 3 масни киселини, како млеко, јогурт и пијалаци од соја.

hrana-i-pijalaci-shto-mozhat-da-go-podobrat-zhenskoto-zdravje-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава