Трикови за слабеење за сите оние кои решија да „престанат“ со јадење по Нова година

Во едно истражување кое имало за цел да ја нагласи важноста на исхраната и навиките за јадење, испитаниците во просек изгубиле 3,1 килограми за 12 недели.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-01.jpg

Она што е уште поважно, кај испитаниците се намалил ризикот од дијабетес и инфаркт. Правилниот начин на исхрана не само што ќе ви помогне да ослабете, туку ќе ви го подобри и здравјето.

Важно е да развиете здрави навики за јадење, а доколку претеравте со храна периодов, следниве совети и трикови ќе ви бидат од корист.

Време е да почнете од некаде:

Пијте 9 чаши вода на ден

Најпрво, не заборавајте да испиете чаша вода околу половина час пред оброк. Според едно истражување, оваа навика може да го забрза слабеењето за 44%, во рок од 3 месеци.

За мажите е препорачливо да пијат 12-13 чаши вода на ден, а жените 9.

На овој начин вашето тело ќе биде хидриранo и полесно ќе ги исфрла токсините. Истовремено, водата ќе ви го намали и апетитот.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-02.jpg

Авокадото е ваш сојузник во слабеењето

Црниот грав, авокадото, брокулата, јаболката и морковите имаат состојка наречена растворливи хранливи влакна. Оваа состојка не само што ќе ви помогне да останете во форма, туку ќе го намали и ризикот од дијабетес и инфаркт.

Најдобро е да внесувате 25-38 грама од оваа состојка во текот на денот.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-03.jpg

Во рестораните не седете свртени кон изложената храна

Некои ресторани и повеќето слаткарници, ја имаат изложено храната што ја нудат. Доколку јадете на такво место, најдобро е да не седите свртени кон храната.

Причината е тоа што ако седите пред вкусна торта, вашата желба за храна само ќе се зголемува.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-04.jpg

Внесувајте доволно витамин Д

Сончевата светлина има позитивно влијание врз слабеењето, најмногу поради витаминот Д.

Според едно истражување кое траело 4 години, зголемениот внес на витамин Д го спречува дебелеењето.

Доколку не излегувате често на сонце, или во зима, можете да земате додатоци во исхраната со витамин Д. Сепак, најдобро би било да поминувате 10-15 минути на сонце секое утро.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава