Трикови за слабеење за сите оние кои решија да „престанат“ со јадење по Нова година

Со секој оброк јадете разновидна храна

Ако јадете еднолична храна, после оброкот најверојатно ќе посакате и десерт.

За да го избегнете ова, подобро е да консумирате неколку помали порции од различно јадење. На овој начин ќе уживате во повеќе вкусови, а нема да се прејадете.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-06.jpg

Не пијте чај со млеко

Некои луѓе имаат навика да го намалуваат апетитот навечер со шолја чај со млеко. Но, според науката, ова не е најдобра идеја.

Наводно, чајот содржи состојки што помагаат во согорувањето на мастите, а протеините од млекото им ја „одземаат“ оваа способност.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-07.jpg

Оставајте ја виљушката по секој залак

Вашето тело не добива веднаш сигнал дека сте сити. Најчесто, потребни се 20-тина минути за мозокот да регистрира дека сте јаделе. Поради тоа, важно е да јадете бавно.

За да го изведите ова, најлесно ќе биде ако ја оставате виљушката во чинија после секој залак и правите кратки паузи. 

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-08.jpg

Делете го оброкот со некој кога јадете надвор

Ако го поделите главниот оброк со партнерот или некој друг, ќе изедете многу помалку, а сигурно ќе се чувствувате сито.

Покрај тоа, на овој начин сигурно ќе ви остане место и за десерт, без да се чувствувате виновно.

trikovi-za-slabeenje-shto-kje-im-se-najdat-na-pochetnicite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...

Најчитани неделава