Како да проверите дали јајцата се расипани?

Нема ништо полошо од расипано јајце. Освен лошиот мирис, подобро да немате искуство со изедено расипано јајце.

kako-da-proverite-dali-jajcata-se-rasipani-01.jpg

Како да проверите дали јајцата кои ги имате поодамна во фрижидерот се добри за јадење?

Првиот, најлесен начин, без да го кршите јајцето е да го ставите во чаша полна со ладна вода.

Ако потоне на дното се уште е добро за користење, а ако плови на површината значи дека се расипало. Тоа е затоа што како што старее, лушпата пропушта воздух во внатрешноста.

Друг начин е да земете една плитка чинија да го скршите јајцето и да го ставите во неа.

Ако белката се лизга по чинијата, а жолчката не е компактна, тоа значи дека веќе не е добро за јадење.

Кога веќе ќе го искршите, наједноставно е да го мириснете.

Мирисот на расипано јајце - не можете да го промашите.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...

Најчитани неделава