Лимонов сок наместо сол, лупење домати со врела вода - Кои кулинарски трикови се навистина ефикасни, а кои не?

Слободно можеме да кажеме дека на интернет постојат илјадници кулинарски сајтови и уште повеќе видеа на таа тема.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-01.jpg

Па, лесно е да најдете секакви совети што наводно ќе ви го олеснат готвењето.

Сепак, доколку сте пробале неколку, веројатно сте сфатиле дека поголемиот дел од нив воопшто не се ефикасни.

За таа цел, погледнете кои кулинарски трикови се навистина функционални, а кои само губење време:

Варење на компирите пред печење

Совет: Ако сакате крцкави компири со мека внатрешност, исечете ги, сварете ги, па дури потоа ставете ги во рерна.

Овој совет навистина функционира и ќе добиете компири со сличен вкус како оние во ресторан. Истовремено, ова е одличен начин на приготвување за оние кои внимаваат на својата линија – бидејќи се варени, за печење на компирите воопшто не мора да користите масло.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-02.jpg

Совршено меко варено јајце

Совет: Ова е совет од Гордон Ремзи. Доколку сакате совршено меко варено јајце, треба да го варите точно 4,5 минути.

И овој совет функционира. Оние што го пробале велат дека јајцата кои тежеле од 65 до 75 грама излегле совршено.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-03.jpg

Заменете ја солта со нешто кисело

Совет: Ако оброкот не ви се чини доволно солен, можете наместо сол, да додадете нешто кисело, како оцет или лимонов сок.

Овој трик функционира, но само ако сте умерени. Лимонот можеби ќе го направи јадењето посолено, но ќе го направи и покисело. Доколку не сакате кисел вкус, најдобро е да користите сол.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-04.jpg

Правилна употреба на бибер

Совет: Наместо да купувате мелен бибер, купете зрна. Испечете ги во тава, без да додавате масло, а потоа искршете ги сукало.

Овој совет е одличен бидејќи печењето ја засилува аромата на биберот. Искршените зрна, пак, ќе му дадат одличен мирис на јадењето. Сепак, ако не ви се допаѓа богатиот вкус на зачини, најдобро да користите мелен бибер.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-05.jpg

Лупење домати со врела вода

Совет: За да ги излупите доматите, засечете ги (како на фотографијата) и ставете ги во врела вода. По една минута ставете ги во студена вода, за да не се сварат. Потоа само излупете.

Иако овој трик функционира, треба да бидете внимателни со врелата вода, за да не го сварите доматот. Истовремено, обидете се да ја отстраните само лушпата, без пулпата под неа. Причината е што наводно, овде се наоѓаат најхранливите состојки.

koi-kulinarski-trikovi-se-navistina-efikasni-a-koi-ne-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg