За оние кои бројат – во колкава количина од различни јадења има 100 калории?
Ако сакате да ослабете, покрај вежбањето, треба да внимавате и на калориите што ги внесувате.
Логиката зад ова е очигледна – за да ослабете, треба да внесувате помалку калории отколку што трошите, за телото да почне да ги согорува масните наслаги.
Бидејќи понекогаш е навистина тешко да го одредите бројот на калории, можеби сликите во продолжение ќе ви помогнат - на нив визуелно е претставено како изгледаат 100 калории од разни видови храна.
Се разбира, во зависност од продуктот и фирмата што го прави, бројот на калории може да варира, но отприлика можеби ќе добиете претстава.
Грчки јогурт
150 грама грчки јогурт има околу 100 калории.
Варени јајца
100 грама варени јајца имаат околу 155 калории. Бидејќи масата на едно јајце е 50-тина грама, 100 калории се околу 1 и пол јајце.
Сланина
Само 100 грама сланина имаат 468 калории. Ова значи дека 100 калории се околу 21 грам сланина.
Путер од кикиритки
100 калории има во 16 грама путер од кикиритки.
Кроасан
25 грама кроасан имаат околу 100 калории.
Јагоди
Јагодите имаат ниска калориска вредност, па во 300 грама јагоди има околу 100 калории.
Чизбургер
Само 33 грама од чизбургерот содржат околу 100 калории.
Пица
Ако изедете 35 грама пица со тенко тесто, ќе внесете 100 калории.
Пилешки гради
Кога станува збор за пржени или пилешки гради приготвени на скара, во 57 грама има околу 100 калории.
Такоси
Во 40 грама од ова мексиканско јадење со пилешко има 100 калории.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





