За љубителите на леб – како да избереме здрава алтернатива?

Повеќето од нас кога сакаат да намалат тежина или генерално поздраво да се хранат, прво ги ‘жртвуваат’ јаглехидратите.

za-ljubitelite-na-leb-kako-da-izbereme-zdrava-alternativa-01.jpg

Овој потег всушност може да спречи да постигнете трајно, здраво слабеење. Наместо целосно отфрлање на јаглехидрати, едноставно префрлете се на поздравите варијанти на леб што можете да ги најдете на рафтовите на супермаркетите.

Пред сѐ, кога го читате списокот со состојки, треба да го барате зборот ‘цело зрно’, што значи дека зрното е сè уште недопрено и не е преработувано. Производите од цели зрна го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, па дури и помагаат во регулирањето на тежината и слабеењето. Тоа е дефинитивно она што го бараме во здравиот леб. Из’ртените цели зрна имаат свој карактеристичен вкус, но исто така од нив има многу здравствени придобивки затоа што, во зависност од видот на зрно, тие содржат витамин Ц, витамин Б, растителни влакна и некои дополнителни аминокиселини кои се навистина корисни за целиот организам. Докажано е дека ‘ртењето го зголемува количеството и достапноста на одредени хранливи материи. Она кое што треба да се избегнува се разбира се сите непотребни додадени состојки како на пример конзерванси, бои, шеќери или растителни масла.

Од неодамна на нашиот пазар се достапни 3 вида на леб кои го носат името „Супер Леб“ од добропознатиот бренд „Жито Лукс“. Зошто баш супер лебови и што ги прави толку супер? 100% интегралните лебови направени од цело зрно, во својот состав покрај тоа што содржат маслиново масло, збогатени се со состојки наречени ‘супер храна’ (superfoods), а не содржат палмина маст, бои, конзерванси и шеќери.

100% интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант: Хељдaта е природен извор на феноли, фитостероли, диететски влакна, витамини и минерали како и антиоксиданси и незаситени масни киселини. Во комбинација со амарантот, кој е природен извор на висококвалитетни протеини, претставуваат одлична основа за здрав и вкусен оброк.

100% интегрален леб со супер житарки – из’ртени овес и спелта: како што споменавме со ’ртењето на житарките се подобрува содржината на одредени хранливи материи како есенцијални аминокиселни и витамини од групата Б. Спелтата е позначајна од обичната пченица бидејќи содржи повеќе протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали. Оваа житарка заедно со интегралните овесни зрна кои содржат значајна количина на вредни хранливи материи, квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, како бета-глукани, фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер се вистински избор за енергичен почеток на денот.

100% интегрален леб со супер семки – чија и тиква: чијата претставува богат извор на омега-3 (масни ) киселини, антиоксиданси и растителни влакна. Заедно со семките од тиква, кои се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли, се одлична комбинација за избалансирана исхрана.

Избирањето на поздравите варијанти на леб придонесува за подобрување на здравјето и благосостојбата на вашиот организам. Заменувањето на лебот кој нема апсолутно никаква хранлива вредност, кој брзо се вари, оставајќи нелагодност во стомакот и нестабилно ниво на шеќер во крвта, е вистински потег за кој вашето тело ќе ви биде благодарно.

za-ljubitelite-na-leb-kako-da-izbereme-zdrava-alternativa-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Тура со десерти низ Македонија – најубавите благи специјалитети што треба да ги пробате Крушевски локум и пуслици, слатко од смокви во Гевгелија и Валандово, пишии со м...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава