Како да препознаете кои мандарини се кисели, а кои слатки?

Како да знаете дали купувате слатки или кисели мандарини, уште пред да ги пробате?

kako-da-prepoznaete-koi-mandarini-se-kiseli-a-koi-slatki-001.jpg

Постојат неколку трикови и насоки кои ќе ви помогнат да ги разликувате:

Боја

Покиселите или премногу благите, односно презреаните мандарини имаат посветла, жолтеникава боја.

Зрелите, слатки мандарини треба да имаат строго пороткалова боја.

Мекост

Текстурата и мекоста на мандарината се клучни. Премногу тврдата и дебела кора е знак дека мандарината не е доволно созреана, односно е кисела.

Кората на зрелата, блага мандарина е потенка. Дополнително, текстурата на слатките мандарини е секогаш рапава и со дупчиња, додека киселите мандарини имаат мазна кора.

kako-da-prepoznaete-koi-mandarini-se-kiseli-a-koi-slatki-1.jpg

Форма

Добро загледајте ја формата на мандарините кои ги купувате.

Многу често, мандарините кои имаат елипсовидна форма, односно се сплескани од горе и доле, се кисели.

Слатките мандарини се округли, без сплескани страни.

kako-da-prepoznaete-koi-mandarini-se-kiseli-a-koi-slatki-2.jpg

Напомена: Ова не значи дека не може да има исклучоци од овие „правила“. Најчесто истите важат и во пракса, но зависно од врстата на мандарините, може да има и разлики. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
Алтернативи за кујнски алатки што веќе ги имате дома (за да не купувате за една употреба) Стаклено шише наместо сукало или најобична чаша наместо шаблони за колачиња. Со ...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава