„Руска“, сутлијач, пача – 7 јадења од кујната на словенските народи кои се најдобри кога се јадат ладни

Ние, словенските народи, сме добро познати по нашата вкусна кујна. Ниту еден скап ресторан не може да го надмине домашно зготвеното јадење на нашите баби и мајки. 

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi-01.jpg

Но, има исклучоци од секое правило, дури и кога станува збор за нашата храна.

Некои јадења се едноставно повкусни кога се ладни:

Таратор

Многумина од странците знаат да го помешаат со грчкото ѕаѕики, но тараторот е всушност ладна супа. Се прави од кисело млеко разредено со малку вода, краставица, масло, сол, копар и толчен или сечкан лук.

Има повеќе верзии на таратор низ Балканот, па така некаде се додаваат ореви, диво нане, моркови, магдонос и останати додатоци. Најчесто се служи како предјадење.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (1).jpg

Окрошка

Руската супа окрошка е уште едно традиционално словенско јадење кое е највкусно кога е ладно. Традиционално се подготвува со квас, но има и верзии кои може да се базираат на кисело млеко или кисела павлака и во нив нема квас. Во зависност од регионот каде се подготвува, окрошката може да има различни состојки.

Некои сметаат дека најдобра е вегетаријанската верзија со компири и краставици, кромид и ротквици. Други пак сакаат да додадат јајца и некое месо како колбас, телешко, говедско итн.

Како и да одберете, највкусно е кога се јаде на топол ден.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (2).jpg

Сланина

Ова е парче отстоено, мрсно, свинско месо. Може да се јаде преку целата година, а може да биде и димено, зачинето со рузмарин и кориjандер.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (3).jpg

Сутлијач

Оваа варијанта на млеко и ориз може да се најде во многу словенски земји, а не секогаш е десерт, туку може да биде и главно јадење за вечера.

Рецептот е едноставен, се користи млеко и се вари заедно со оризот додека не добиете густа структура на пудинг.

Можете да го зачините одозгора со цимет, ореви, кафеав шеќер, шафран, морско оревче, кокосово млеко, ванила или суво овошје како урми или суво грозје. Најважно е да се јаде ладен, иако многумина практикуваат да го јадат додека е топол.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (8).jpg

Руска салата

Иако оригиналното име на оваа салата е Оливие салата, руската салата малку се разликува од неа и се проширила во времето на Советскиот Сојуз, кога имало насекаде достапни состојки за неа: варени компири, грашок, моркови, кисели краставички и шунка, а целото тоа замешано со мајонез. Некои верзии на оваа салата имаат пилешко, говедско месо или јајца.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (5).jpg

Ајвар и лутеница

Најпопуларни во Македонија, Србија, и останатите земји на Балканот, ајварот е густ намаз добиен од црвени пиперки кои биле печени, пржени и зачинети, а многумина додаваат и модар домат. Лутеницата е пак базирана на мешавина од пиперки и домати. Двата намази се многу популарни и секогаш се служат ладни, а одат со скоро сите јадења.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (6).jpg

Пача

Последна на списокот, но не и заборавена. Пачата или ја обожавате или ја мразите. Тоа е всушност желатин добиен од животински лој, којшто откако е зготвен како супа е оставен да се излади и природно да се желатинизира. Најчесто се прави од свинско, а може да се додадат и јајца или некои видови на зеленчук. На пачата никогаш не се додава вештачки желатин.

7-jadenja-od-kujnata-na-slovenskite-narodi (7).jpg

(О)Милена | Црнобело / Извор

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали месото (не) треба да се мие пред готвење?“ „Многумина од нас пораснале гледајќи како месото задолжително се мие под чешма, ...

Најчитани неделава