Колку долго откако ќе се сварат јајцата смеат да се јадат и дали зелената жолчка е опасна?

Секоја година тешко проценуваме колку јајца би требало да свариме и обоиме за Велигден, па затоа и цела недела по вапцањето и кршењето обично се јадат.

kolku-dolgo-otkako-ke-se-svarat-jajcata-smeat-da-se-jadat-i-dali-zelenite-zolcki-se-opasni-1.jpg

Но, ретко кој е свесен за фактот дека варените јајца имаат значително пократок рок од свежите.

Основното правило е дека по варењето, јајцата би требало да се чуваат во фрижидер, а не во кошничка, на собна температура како што тоа го правиме деновиве.

Симптомите од труењето со расипани јајца варираат од блага подуеност и промени во варењето на храната, па до мачнина и повраќање.

Просечно, ако ги чувате јајцата на собна температура – треба да ги изедете истиот или најдоцна ден-два по варењето, додека ако константно ги чувате во фрижидер, може да издржат и до 6 дена.

kolku-dolgo-otkako-ke-se-svarat-jajcata-smeat-da-se-jadat-i-dali-zelenite-zolcki-se-opasni-2.jpg

Прв знак дека јајцето е расипано е остриот мирис кој потсетува на сулфур.

Дали јајцата со зелена жолчка се опасни?

Ништо помалку или повеќе од оние со жолта жолчка, ако се складирани на правилен начин.

Зелената боја не е знак дека јајцето се расипало, туку дека при варењето јајцето било изложено на превисока температура.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...

Најчитани неделава