Кои омилени балкански јадења се здрави, а кои не, според нутриционист од Србија?

Сармата, но и печивата од пекари се едни од најпопуларните јадења на Балканот - но колку се здрави?

gi-obozavame-ovie-balkanski-specijaliteti-a-ne-se-bash-zdravi-srppski-nutricionist-objasnuva-sto-e-dobro-a-sto-losho-po-zdravjeto-001.jpg

Колкава е важноста на храната во современото општество покажува и фактот дека најголем дел од буџетот го издвојуваме токму за неа.

Постојано се појавуваат нови диети, списоци со здрава и нездрава храна. Постојано сме во трка со времето, па понекогаш правиме лоши одлуки во врска со храната која ќе ја поставиме на трпезата и ќе ја внесеме во организмот.

Што јадете, тоа е вашето здравје! Има многу вистина во оваа изјава.

Сепак, многу од луѓето се обожаватели на познатите балкански специјалитети и откажувањето од нив ни оди навистина тешко. 

Познатата српска нутриционистка Милка Раичевиќ објаснува кои јадења влијаат погубно врз нашето здравје, иако ги консумира целиот Балкан.

Секако, тоа не значи дека никогаш не треба да ги консумирате, само да биде тоа умерено и балансирано. 

Што јадеме, а не е најздраво?

Подварок

Омиленото јадење кај голем број луѓе на Балканот е преполно со масти.

Покрај тоа, подварокот обично се приготвува  со многу месо, така што во комбинација со зелката тешко се вари и му прави огромен товар на стомакот.

Сарма

Сите витамини и минерали се уништуваат за време на подготовката на ова омилено балканско јадење.

Сармата е многу вкусна, но во основа додека ја јадеме, внесуваме многу калории и ништо повеќе во однос на нутритивната вредност.

Сè што доаѓа од пекарница

Поради начинот на живот, но и немањето на доволни пари, пекарницата е првиот избор кога станува збор за многу оброци во текот на денот.

Пекарските производи не треба да се јадат поради прекумерната количина маснотии што ја содржат, белото брашно од кое се прават и разните додатоци што им се додаваат на продуктите од тесто.

Особено не треба да се консумираат секој ден. Може да се јадат интегрални продукти, но сепак со мера, односно повремено.

Полномасни сирења

Прекумерните количини на масни сирења можат да предизвикаат силна главоболка без луѓето воопшто да ја знаат причината. Далеку подобри алтернативи се младите и растителните сирења.

Пржена и печена храна

Подготовката ги уништува сите здрави и хранливи состојки. Како поткрепа на ова тврдење на нутриционистката се и многуте истражувања кои потврдуваат дека пржената храна го зголемува ризикот од срцеви заболувања. 

На следната страница што јадеме, а е навистина здраво...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава