Кои омилени балкански јадења се здрави, а кои не, според нутриционист од Србија?

Зелка

Нутриционистката ја става зелката на прво место на здравата храна што ја јадеме. Зелката е одличен оброк кога се јаде свежа, како салата. Исто така, не е грешка доколку е сосема малку термички обработена.

Полна е со витамини, и е достапна во текот на целата година.

Овој вид на зеленчук се јаде на Балканот, но според нутриционистот, во недоволни количини. Луѓето исто така прават грешки кога ја готват со месо, како што беше споменат случајот со подварокот и сармата.

Скуша

Рибите се здрави, но исто така треба да се има предвид дека одредени видови, често поради транспортот или храната која ја изеле пред уловот, содржат големи количини на масло и олово. 

Затоа, скушата е најздрава бидејќи најчесто се храни со планктони и содржи многу омега 3 и 6 масни киселини.

Исклучително важно е да се консумира риба со лук, лимон и магдонос, бидејќи со ова дополително ќе му се додаде на оброкот витамин Ц и други хранливи материи кои можат да „испарат“ за време на подготовката на вообичаените оброци.

Кисело-млечни производи

Тие се дефинитивно извор на здрави бактерии. Особено јогуртот и кефирот кои содржат пробиотици и ја одржуваат здрава цревната флора.

Овошје

Добро познато ни е дека овошјето е исклучително здраво, но кога станува збор за консумирање на оваа храна, се дава следната препорака: Најдобро е овошјето да се јаде самостојно, без да се меша со друг тип на храна.

Не е препорачливо да се консумира за појадок, но затоа претставува идеална ужинка.

Јајца, поточно белки

Јајцата се извор на протеини и може да се јадат до двапати неделно. Спортистите ја надминуваат оваа препорака, па може да јадат повеќе.

Но, потребите на нивното тело се различни од потребите на повеќето луѓе и не треба да се споредуваме со нив - тие се поактивни и трошат повеќе калории.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава