Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


9 традиционални вкусни сендвичи од целиот свет кои ќе ви го отворат апетитот

Типичниот сендвич секогаш вклучува леб, некаков вид на месо, зеленчук и сос. Сепак, варијациите низ светот се многубројни, а дел од нив се толку вкусни што веднаш ќе ви го отворат апетитот.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot-01.jpg

Десеттото место на списокот намерно го оставивме празно. Македонија има долга и богата гастрономска историја, но се чини дека немаме традиционален сендвич со македонски потпис.

Дали можеби лепчето исполнето со ајвар и сирење може да се смета за „македонски“ сендвич? Или пак, оној од времињата, лепче полнето со пржени компирчиња, салата, кечап и мајонез?

Пратете ни ги вашите предлози, а дотогаш уживајте во следните 9 сендвич-вкусови ширум светот:

Katsu Sando – Јапонија

Сендвич од мек, бел леб со сочно, похувано свинско месо со додатоци. Дел од Кацу Сандо сендвичите може да имаат и пилешко во составот, јајца или квалитетен Коби телешки бифтек.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (1).jpg

Fischbrötchen – Германија

Свежо лепче и уште посвежа риба во комбинација со салата. Најчесто се прави со харинга, скуша, лосос или ракчиња.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (2).jpg

Trapizzino – Италија

Овој сендвич е измислен пред само 10 години, но е многу популарен. Станува збор за триаголно пица лепче (тестото е идентично како она за пица) исполнето со различни месни додатоци – од свинско, до пилешко и ќофтиња.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (3).jpg

Francesinha – Португалија

Со потекло од Порто, овој сендвич е направен со леб, шунка, свински колбас, бифтек или печено месо, стопено сирење и зачинет сос од домати и пиво. Најчесто се служи со пржени компирчиња.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (4).jpg

Bocadillo – Шпанија

Овие сендвичи во шпански стил се сметаат за прилично скромна храна послужена во багет лепче. Се полнат со сè што е достапно, од омлети до сувомеснато или похувани мезиња.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (5).jpg

Croque Monsieur – Франција

Топол сендвич направен со шунка и кашкавал, кој потсетува на тост. Јадењето потекнува од француските кафулиња и барови како брза закуска.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (6).jpg

Doner Kebab – Турција

Познатиот турски донер, сервиран во специјално пита-лепче, со тенко исечкани парчиња говедско месо, сервирано со многу додатоци од типот на преливи и свежи салати.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (7).jpg

Pulled Pork – САД

„Цепкано“ свинско или „на конци“ е сендвич типичен за САД, кој е достапен и кај нас, а лесно може да го направите и во домашни услови. Тајната е во сочното свинско месо кое „се распаѓа“ поради долгото, бавно печење.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (8).jpg

Pølse – Норвешка

Нетипичен хот-дог сервиран на скандинавски начин. Дел од локалите ги варат виршлите во булјон за поинтензивен вкус и ги служат со различни додатоци и зачини.

9-tradicionalni-sendvici-od-svetot (9).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...
Грешки поради кои храната ви се расипува брзо (и ризикувате да добиете труење) Го преполнувате фрижидерот, не ја ставате храната во фрижидер навреме и заедно ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg