Намален холестерол и уште 4 работи што ќе се случат ако јадете кромид скоро секој ден

Можеби кромидот предизвикува непријатен здив, но е одличен за оралното здравје и има моќ да ги уништи штетните бактерии во устата.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-01.jpg

Има моќ да го подобри вкусот на скоро секое јадење, богат е со многу хранливи материи, а со редовно консумирање може значително да ви го подобри здравјето – кромидот навистина е храна што треба ја јадеме почесто.

Погледнете што ќе се случи ако почнете да јадете кромид скоро секој ден:

Посилни коски

Кромидот може да ја зголеми густината на коските, со тоа правејќи ги посилни.

Мало истражување во кое учествувале жени во менопауза покажало дека оние кои секојдневно пиеле 100 милилитри сок од кромид во период од осум недели имале поголема густина на коските за разлика од жените од контролната група.

Друго истражување во кое учествувале жени во менопауза и перименопауза покажало дека секојдневното јадење кромид може да ја зголеми густината на коските за 5%.

Експертите веруваат дека кромидот го зголемува нивото на антиоксиданти во телото, притоа зголемувајќи ја густината на коските и намалувајќи го ризикот од болести како остеопороза.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-02.jpg

Намален холестерол и поздраво срце

Кромидот е богат со состојка позната како флавоноид, од која има многу здравствени придобивки.

Истражување покажало дека токму оваа состојка во кромидот помага во регулирањето на „лошиот“ холестерол кај луѓето со прекумерна тежина кои се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

Флавоноидот што го тестирале го има во изобилство во кромидот, но и други овошки и зеленчуци, и може да има позитивно влијание врз здравјето на срцето.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-03.jpg

Подобрена дигестија

Кромидот содржи вид хранливи влакна кои не само што ја подобруваат дигестијата, туку и го поттикнуваат размножувањето на корисните бактерии во желудникот.

Истражување покажало дека овие хранливи влакна можат да бидат од корист и за луѓе со дијареја, па дури и да ја спречат нејзината појава.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-04.jpg

Подобрено орално здравје

Можеби кромидот предизвикува непријатен здив, но има и антибактериски својства и ги уништува штетните бактерии во устата.

Имено, јадењето сиров кромид може и да ги зајакне забите.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-05.jpg

Поквалитетен сон

Според истражувачите од Универзитетот во Колорадо, пребиотиците можат да го подобрат квалитетот на сонот, особено по стресен и напорен ден.

Пребиотиците се вид хранливи влакна кои се наоѓаат и во кромидот и наводно имаат позитивно влијание врз работата на мозокот.

Истражувачите нагласуваат дека потребни се повеќе истражувања за тоа дали пребиотиците можат да им помогнат на луѓето со сериозни проблеми со спиењето.

namalen-holesterol-i-ushte-4-raboti-shto-kje-se-sluchat-ako-jadete-kromid-skoro-sekoj-den-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 видови храна кои ќе ви дадат енергија како да сте се напиле шолја кафе Јајцата, оревите и млечните производи како јогурт се одличен избор за деновите к...
7 популарни трикови за во кујна – што функционира, а што не? Како да го збогатите сосот од домати со помош на лимон, како да го спасите загор...
Зошто незрелите јапонски јаболка ја „собираат“ устата и како да познаете кога може да се јадат? Јапонските јаболка повеќе наликуваат на домати, отколку на јаболка, но станува з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg