Грешки во готвењето што не ги забележувате, но прават голема разлика во вкусот


Грешки во готвењето што не ги забележувате, но прават голема разлика во вкусот

Ако го мешате оризот додека се вари, тогаш тој ќе почне да ослободува скроб, а токму ова го прави раскашавен.

greshki-vo-gotvenjeto-shto-ne-gi-zabelezhuvate-no-pravat-golema-razlika-vo-vkusot-01.jpg

Дали секојпат внимателно ги следите рецептите кога готвите, но скоро никогаш не сте задоволни од крајниот резултат?

Тогаш веројатно правите некои грешки кои лесно поминуваат незабележливо, но сепак прават огромна разлика во вкусот.

Дури и за готвењето постојат бројни митови кои можеби не се опасни, но сепак можат да го променат вкусот на храната.

Погледнете кои се најчестите грешки во готвењето што треба да ги избегнувате:

Готвите замрзнато месо

Иако е безбедно да го ставите месото во рерна и додека е замрзнато, многу подобро е прво да го размрзнете. На овој начин готвењето ќе трае пократко и месото ќе се испече порамномерно.

Затоа, кога сакате да правите месо, одвечер оставете го да се одмрзне.

greshki-vo-gotvenjeto-shto-ne-gi-zabelezhuvate-no-pravat-golema-razlika-vo-vkusot-02.jpg

Користите ист нож за сè

Постојат бројни видови ножеви, и тоа со причина. На пример, ножот со запци е најдобар за сечење леб, сатарот е одличен за месо, а помалите ножеви се совршени за сечење зеленчук и овошје.

greshki-vo-gotvenjeto-shto-ne-gi-zabelezhuvate-no-pravat-golema-razlika-vo-vkusot-03.jpg

Го мешате оризот додека се вари

Со мешањето, оризот ослободува скроб, а токму тоа го прави раскашавен.

Кога варите ориз најважно е да го погодите точното количество вода – околу една чаша за половина чаша ориз. Потоа ставете го на оган и оставете го да се свари и не го мешајте сè додека не е готов.

greshki-vo-gotvenjeto-shto-ne-gi-zabelezhuvate-no-pravat-golema-razlika-vo-vkusot-04.jpg

Го сечете месото веднаш штом го извадите од рерна

Препорачливо е да го оставите месото да отстои барем пет минути откако ќе го извадите од рерна. Ако станува збор за подебели парчиња, оставете го и 10-тина минути.

На овој начин месото ќе биде посочено и со подобар вкус.

greshki-vo-gotvenjeto-shto-ne-gi-zabelezhuvate-no-pravat-golema-razlika-vo-vkusot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ако ги варите тестенините додавајќи масло во водата, правите голема грешка Доколку сте од оние кои ги варат тестенините со додавање на масло во водата, пра...
Трикови со кои месото никогаш повеќе нема да ви излезе тврдо и жилаво Подготовката на месото во рерна или тавче наизглед ни се чини како едноставна за...
9 начини како да ги спасите уништените јадења Дури и оние највештите во кујната знаат понекогаш да погрешат, но тоа не значи д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg