6 работи што треба да ги фрлите од кујнските шкафчиња, дури и ако не им е поминат рокот на траење
Стари зачини кои не се сеќавате кога сте ги отвориле, но и брашно кое со месеци го чувате во сад кој не е добро затворен.

Ако немате навика редовно да проверувате што чувате во шкафчињата, добро е да знаете кои намирници не треба да ги јадете неколку месеци откако ќе ги отворите.
Продуктите што ги чуваме во шкафчињата обично имаат подолг рок на траење, но штом се отворени неколку месеци, им се менуваат вкусот и текстурата.
Па, можеби нема да бидат расипани, но можат да ви го уништат јадењето.
Шест намирници што е најдобро да ги фрлите веднаш:
Стари зачини
Сувите зачини имаат навистина долг рок на траење. Сепак, ако ви стојат отворени повеќе од две години, најдобро е да ги замените.
Можеби нема да бидат расипани, но поради изложеноста на воздух, ќе им се променат вкусот и мирисот и може дури и да ви уништат некое јадење.
Стари масла
Маслото за готвење може да трае од шест месеци до две години, но ова зависи каде го чувате.
Ако стои на темно месото, заштитено од топлина и сончева светлина, секако дека ќе трае подолго.
Доколку не сте сигурни колку долго го имате, пробајте го – ако мириса малку чудно или ако ви делува горчливо, тогаш е најдобро да го фрлите.
Старо брашно
Ако го чувате во добро затворен сад, на суво и студено место, брашното може да ви трае и цела година.
Но, без разлика каде го чувате, ако го имате подолг период, пред да го искористите добро проверете во него дали има инсекти или нешто слично или дали му е променета бојата.
Квасец
Сувиот квасец има подолг рок на траење, но штом ќе го отворите, треба да го употребите во рок од три до четири месеци.
Во спротивно, нема да го нарасне тестото и само ќе ви го расипе јадењето.
Штом не сте сигурни колку долго ви е отворен квасецот, најдобро фрлете го, дури и ако не му е поминат рокот на траење.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови имаат долг рок на траење, но бидејќи содржат масти, може да се расипат за неколку месеци, особено ако не се во добро затворен сад.
Фрлете ги ако не сте сигурни колку долго ви се отворени, но и ако имаат малку променет мирис или вкус.
Крекери
И храната како крекери и бисквити има долг рок на траење, но штом не сте сигурни кога сте ги отвориле, најдобро фрлете ги.
Покрај тоа што ќе делуваат бајато на вкус, во нив можно е да има и ларви од молци и слично ако биле отворени, па не ризикувајте.
Спирова С. | Црнобело
