„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“

„Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат здравствени совети. Тие некогаш споделуваат работи што функционирале за нив, но не значи дека нивната стратегија е погодна за секого“.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate001.jpg

За New York Post, нутриционистката Кери Бисон споделува кои се петте моментално најпопуларни митови поврзани со исхраната кои треба да ги заборавиме.

„Милиони луѓе бараат здравствени совети на ТикТок, но ова не само што е погрешно, туку може да биде и опасно. Многу трендови се прославени од инфлуенсери кои не се квалификувани да даваат здравствени совети.

Тие некогаш споделуваат работи што функционирале за нив, но не значи дека нивната стратегија е погодна за секого“, истакнува Кери.

Кои се митовите што се популарни онлајн, а Кери смета дека се потполно погрешни?

Мит 1: Телото може да апсорбира само 30g протеини од еден оброк

Кери забележала дека овој мит најчесто го промовираат луѓе кои вежбаат во теретана.

„Многу се дебатира за тоа колку протеини треба да внесуваме со секој оброк, но митот дека телото апсорбира само 30g протеини од оброк одамна е побиен.

Во реалноста, телото ќе ги апсорбира и преработи сите протеини што ќе ги внесеме со оброкот, но и не треба да заборавиме дека протеините се потребни и за други функции во телото, не само за мускулите“.

Кери додава дека протеините се важни за хормонална рамнотежа, состојбата на кожата и сите органи во телото. А, количеството што треба да го внесуваме варира во зависност од нашата висина, тежина, градба, физичка активност…

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-02.JPG

Мит 2: Јадењето само месо е здраво

На социјалните мрежи доста често се зборува за таканаречената „месојадна диета“ (carnivore diet) според која е здраво да се јаде само месо и продукти од животински потекло, а никако овошје и зеленчук.

Како што кажува и Кери, овој начин на исхрана одамна е критикуван од експертите.

„Како храна, месото е добро бидејќи е богато со хранливи материи како протеини, железо, цинк, Б витамини и цинк.

Но, во местото нема други витамин и антиоксиданти, здрави масти, ниту хранливи влакна кои се неопходни за здрав дигестивен систем“.

Кери вели дека е во ред да се јаде месо, но дека мора да се комбинира со други намирници.

„Митот дека оваа диета е здрава потекнува од верувањето дека во древното минато, луѓето јаделе само месо и риба. Но, истражувањата покажуваат дека дури и кај праисториските луѓе, 80% од храната била од растително потекло.

Нема докази дека луѓето некогаш јаделе само месо, но има многу цврсти докази дека јадењето и храна од растително потекло има многу придобивки“.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-3.JPG

Мит 3: Маслата од семиња се нездрави и треба целосно да ги избегнуваме

Маслата од семиња, како сончогледовото, имаат лоша репутација како нездрави. Но, Кери вели дека и ова е главно лага, односно нема потреба целосно да ги исфрлиме од исхраната.

„Маслата од семиња можат да бидат многу здрави бидејќи обично имаат малку заситени масти. Исто така, содржат хранливи состојки како антиоксиданти и омега 6 и омега 3 масни киселини. Телото не може да ги произведува овие масти, па мора да ги внесеме преку храна“.

Сепак, Кери истакнува дека не треба да се претера со масла и пржена храна.

„Пробајте да внесувате разни здрави масти, избегнувајте да јадете многу преработена храна и за готвење немојте да користите многу масло“.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg