„Јас сум нутриционист – 6 митови за здрава храна од Инстаграм и ТикТок на кои не треба да паѓате“

Мит 4: Чајот од нане е добар за дигестијата

Иако чајот од нане се користи како народен лек за дигестија уште од минатото, Кери предупредува дека може да предизвика негативна реакција кај некои луѓе.

„Иако може да помогне кај подуеноста, нането ги релаксира мускулите, што, пак, може да ги влоши киселините“.

Таа препорачува доколку имате почувствителен стомак, за проблеми со дигестија да пробате пробиотици.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-05.JPG

Мит 5: Јадењето пред спиење дебелее

Кери вели да не се грижите ако вечерате доцна, сè додека тоа не е непланиран оброк откако веќе сте вечерале.

„Јадењето пред спиење може да има влијание врз сонот бидејќи дигестивниот систем ќе биде активен. Но, нема да направи разлика во бројот на калории, сè додека си се држите до планот за исхрана.

Ако пробувате да ослабите, најдобро е да јадете редовни оброци неколкупати во денот. Ова ќе ви помогне да го регулирате нивото на шеќер во крвта и да ја контролирате желбата за грицки“.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-6.JPG

Мит 6: Микробрановата печка ги уништува хранливите материи

Според Кери, ова е честа заблуда поради која луѓето некогаш и избегнуваат микробранова печка.

„Хранливите материи во храната се уништуваат од топлина, додека витамините кои се растворливи во вода може да се изгубат ако дојдат во контакт со вода. Овие фактори важат без разлика како ја приготвувате храна.

Впрочем, нивото на хранливи материи може да биде и повисоко кај некои јадења направени во микробранова бидејќи се готват пократко, но и бидејќи не се користи вода што врие“.

jas-sum-nutricionist-6-mitovi-za-zdrava-hrana-od-instagram-i-tiktok-na-koi-ne-treba-da-pagjate-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg