Мандарините се многу корисни за здравјето и убавината, но зошто не треба да претерувате со нив?

Вкусни се, мирисаат убаво и ни обезбедуваат 80% од потребната дневна доза на витамин Ц. А за да искористиме сè што ни нуди ова овошје, треба да јадеме околу седум мандарини секој ден.

Mandarinite-se-mnogu-korisni-01.jpg

Витаминот Ц е важен за забавување на развојот на болести на дебелото црево, како и за ослободување од астма и ревматоиден артритис.

Покрај тоа, мандарините се богати со витамини од групата Б, калциум, магнезиум, цинк и калиум. Тие ги стимулираат функциите на мозокот и придонесуваат за подобра меморија.

Портокаловиот каротеноид бета-криптоксантин може да го намали ризикот од рак на белите дробови, додека сокот од мандарина добро влијае на луѓето со хепатитис Ц и рак на црниот дроб.

Но, внимавајте, доколку консумирате повеќе од седум мандарини дневно, нивото на шеќер во крвта може да се зголеми, а премногу фруктоза може да доведе до вишок килограми.

Кои се придобивките од мандарините во умерени количини?

Топат килограми

Мандарините помагаат во борбата против лошиот холестерол и го штитат срцето. Пектинот го спречува покачувањето на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад, па затоа им се препорачуваат на сите кои сакаат да го симнат вишокот килограми.

Ќе ви помогнат и во одржувањето на добрата линија бидејќи се исклучително богати со диетални влакна и позитивно влијаат на варењето.

Ја подмладуваат кожата

Богата со антиоксиданти кои го спречуваат ослободувањето на слободните радикали и оштетувањето на кожата, мандарината е одличен производ за нега на лицето.

Со разградување на бета-каротенот се синтетизира витаминот А на кој можеме да му се заблагодариме за кадифената кожа.

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, па придонесува за намалување на брчките. Мандарината ѝ дава на кожата младешки изглед и ѝ овозможува хидратација.

Го отстрануваат мрсниот сјај на лицето

Мандарината е особено корисна во негата на мрсната кожа, бидејќи клучните масла од ова овошје го контролираат лачењето на себум и ги чистат затнатите пори.

Ова масло има и антисептично дејство, ги „убива“ бактериите и ги спречува воспаленијата, а слично дејство има и сокот од мандарина.

Исцедете две мандарини, натопете газа во сокот и држете ја на лицето и вратот околу 20 минути. Измијте со ладна вода.

Користете го овој природен третман еднаш неделно за да ја освежите кожата.

Зачувајте ја кората, корисна е

Никогаш не фрлајте ја кората од мандарината, бидејќи може да се искористи на повеќе начини. Исечкајте ja, исушете ja, па употребете ја за чај или колачиња.

Белиот дел од кората содржи голема количина на пектин, влакно што го намалува холестеролот и ги задржува корисните бактерии во цревата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
5 практични трикови - Како „паметно“ да ја складирате облеката во мал плакар? Ако имате многу гардероба, а само еден плакар, организирањето на облеката може д...

Најчитани неделава