Совети и трикови за готвење што ќе сакате да ги пробате уште денес

За да го подобрите вкусот на пирето, додајте едно јајце и добро промешајте, а за највкусниот омлет додајте малку мајонез пред да ги изматите јајцата.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-01.jpg

Хана Ловентхејл од САД редовно пишува за сè поврзано со готвењето, па може да се каже дека веќе е експерт во оваа област.

Таа редовно тестира и популарни трикови за готвење, а решила да ги сподели најдобрите за BuzzFeed.

„Пишувам за храна и готвење, па веројатно ви е јасно дека сум налетала на милиони трикови и совети. Некои навистина ми помогнале, а некои… па најдобро да ги заборавам.

Сега решив да ги споделам најдобрите трикови и совети за готвење што ги открив годинава“.

Во продолжение, дел од најкорисните трикови:

1. Кога правите тестенини со кашкавал, додајте малку сенф. Неговиот вкус нема да биде многу забележлив, но ќе го направи јадењето многу повкусно.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-02.jpg

2. За замрзнатата храна, како помфрит, да биде покрцкава, гответе ја во фритеза на топол воздух.

3. За да добиете повеќе сок од лимонот, ставете го 20-тина секунди во микробранова печка.

4. Кога пржите печурки, прво гответе ги неколку минути во тава без масло, па потоа додајте го маслото. На овој начин ќе испари повеќе течност и печурките ќе добијат поубава темна нијанса.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-03.jpg

5. Кога правите омлет или кајгана, пред да ги изматите јајцата додајте малку мајонез. Вкусот ќе биде многу подобар.

6. Ако правите крем-супа, сос или нешто слично и забележите дека е многу течно, додајте малку инстант пире за да згусне. Ова е одлично решение што нема да го промени вкусот на јадењето.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-04.jpg

7. Храната како ориз, тестенини и компири има подобар вкус ако ја сварите во бујон (или коцка за супа) наместо во обична вода.

8. За кремасто пире, додајте едно јајце кога ќе бидете при крај со готвење и добро промешајте. Топлината од пирето ќе го зготви јајцето, што значи е безбедно за јадење.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-05.jpg

9. Додајте едно јајце повеќе во кој било рецепт за колачиња – ќе добиете многу помеки и повкусни колачиња.

10. Ако немате миксер, можете да го изматите шлагот во тегла. Ставете го шлаг кремот во тегла, затворете ја добро и тресете ја околу 20 секунди.

11. Додајте малку екстракт од ванила или цимет во тестото за палачинки или вафли за побогат вкус.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-06.jpg

12. Измешајте соја сос и путер за да го подобрите вкусот на речиси секое солено јадење како ориз, печурки или лосос.

13. Додајте малку сок од портокал во тестото за печива како леб од банана или мафини – можете да ставите и купечки сок. Киселоста на портокалот значително ќе го подобри вкусот.

14. За крцкави печени или пржени компири, откако ќе ги исечете, ставете ги во сад со вода и мраз, малку промешајте, исцедете ги и исушете ги.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-07.jpg

15. Ставете неколку капки сок од лимон или лимета на даската за сечење пред да сечете кромид. Вкусот нема да се промени, но киселината од лимонот ќе ги неутрализира состојките на кромидот што ги насолзуваат очите.

16. Можете да направите одличен сладолед само од банани. Замрзнете ги бананите, па ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Можете да додадете и состојки како цимет или путер од кикиритки, а потоа ставете го сладоледот во замрзнувач.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-shto-kje-sakate-da-gi-probate-ushte-denes-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставни совети со кои ќе ги претворите готовите смеси за торти во вистински специјалитет Заменето го маслото со путер, додајте јајце плус и наместо вода, ставете млеко. ...
Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујн... Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спект...
Грешки во готвењето што не ги забележувате, но прават голема разлика во вкусот Ако го мешате оризот додека се вари, тогаш тој ќе почне да ослободува скроб, а т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg