Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


7 популарни трикови за во кујна – што функционира, а што не?

Како да го збогатите сосот од домати со помош на лимон, како да го спасите загорениот кромид и како полесно да се излупи компирот... Трикови кои се споделуваат на интернет - кои се корисни, а кои не функционираат?

7-popularni-trikovi-za-vo-kujna-shto-funkcionira-a-shto-ne-01.jpg

Сите ги сакаме кујнските трикови што значително го олеснуваат готвењето. Но, бидејќи денес има толку многу вакви трикови, никогаш не знаете што функционира, а што не, сè додека не пробате.

Ако не ви се експериментира со сомнителни трикови и совети, секогаш можете да се потпрете на искуството на другите.

Во продолжение неколку популарни кујнски трикови и нивната ефикасност според интернет корисниците:

Лимон во сос од домати за побогат вкус

Очекување: Сокот од лимон може да го збогати вкусот на сосот од домати. Наместо лимон, можете да додадете малку балсамико оцет.

Реалност: Овој трик навистина функционира и го прави сосот повкусен. Доволно е да додадете само неколку капки сок од лимон за да го почувствувате ефектот.

7-popularni-trikovi-za-vo-kujna-shto-funkcionira-a-shto-ne-02.jpg

Спасете го загорениот кромид со коцка мраз

Очекување: Ако кромидот ви загори, тргнете ја тавата од оган и почекајте да се излади маслото, па додајте 1-2 коцки мраз. На овој начин ќе го „спасите“ кромидот и нема да има загорен вкус.

Реалност: И овој трик се покажал како ефикасен. Коцката мраз може да го намали загорениот вкус ако ја додадете кога ќе забележите дека кромидот има многу темна нијанса.

7-popularni-trikovi-za-vo-kujna-shto-funkcionira-a-shto-ne-03.jpg

Сладолед од замрзнати банани

Очекување: Исечете неколку зрели банани на поголеми парчиња и замрзнете ги. Потоа само изблендирајте ги и ќе добиете здрав сладолед од само една состојка.

Реалност: Освен што можеби блендирањето ќе трае подолго, овој рецепт е одличен. Резултатот е кремаст, вкусен и здрав сладолед од банани.

7-popularni-trikovi-za-vo-kujna-shto-funkcionira-a-shto-ne-04.jpg

Уште четири трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујн... Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спект...
Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,...
Грешки во кујна со кои несвесно го расипувате вкусот и на наједноставните рецепти Ако сакате оризот да свари како што треба, немојте да го кревате капакот од тенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg