Не го оставајте замрзнувачот празен и уште 9 совети за правилно чување замрзната храна

Не го оставајте замрзнувачот празен долго време

Полниот замрзнувач подобро ја задржува ниската температура од празниот. Кога ќе го отворите, замрзнатата храна помага во регулирањето на температурата, па замрзнувачот нема да троши многу енергија за повторно да се излади.

Истовремено, немојте да го преполнувате замрзнувачот бидејќи сепак е потребна некаква циркулација на воздухот во неговата внатрешност.

ne-go-ostavajte-zamrznuvachot-prazen-i-ushte-9-soveti-za-pravilno-chuvanje-zamrznata-hrana-07.jpg

Внимавајте кога ја одмрзнувате храната во микробранова печка

Веќе спомнавме дека микробрановата печка е одлична за размрзнување храна. Сепак, во овој случај треба да имате предвид дека некогаш загревањето на храната не е рамномерно.

За храната да се размрзне подеднакво, немојте да ставате големо количество одеднаш и осигурете се дека садот ќе има доволно простор да ротира.

ne-go-ostavajte-zamrznuvachot-prazen-i-ushte-9-soveti-za-pravilno-chuvanje-zamrznata-hrana-08.jpg

Користете соодветни садови

Немојте да ја замрзнувате храната во алуминиумска фолија бидејќи лесно може да се скине.

Наместо тоа, користете пластични садови.

Можат да користите и стаклени тегли, само немојте да ги преполнувате ако ставате течна храна. Кога замрзнува, течната храна се шири, па ако нема простор во теглата, може да пукне.

ne-go-ostavajte-zamrznuvachot-prazen-i-ushte-9-soveti-za-pravilno-chuvanje-zamrznata-hrana-09.jpg

Што да правите ако снема струја?

Генерално, храната во замрзнувачот може да остане погодна за јадење околу 48 часа ако тој е исклучен.

Веројатно нема да дочекате да снема струја на толку долг период, но доколку некогаш се случи, по 48 часа најдобро фрлете сè.

ne-go-ostavajte-zamrznuvachot-prazen-i-ushte-9-soveti-za-pravilno-chuvanje-zamrznata-hrana-10.jpg

Ставете датум на продуктите во замрзнувачот

Не треба вечно да ја чувате храната во замрзнувач и повеќето намирници можете да ги чувате околу четири месеци.

Храната можеби нема да се расипе, но по некое време ќе изгуби голем дел од хранливите состојки, а вкусот и текстурата ќе се променат.

Затоа, пред да ја ставите храната во замрзнувач, ставете налепница со датумот кога сте ја замрзнале.

ne-go-ostavajte-zamrznuvachot-prazen-i-ushte-9-soveti-za-pravilno-chuvanje-zamrznata-hrana-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава