9 видови храна кои ќе ви дадат енергија како да сте се напиле шолја кафе

Темно чоколадо

Темното чоколадо не содржи многу шеќер, па ви дозволува вистински да ги почувствувате придобивките од какаото во него, без големи последици.

9-vidovi-hrana-koi-kje-vi-dadat-povekje-energija-od-sholja-kafe-06.jpg

Компири

Компирите содржат скроб – комплексен јаглехидрат кој му дава енергија на телото.

Нормално, само настојувајте да го јадете печен или варен бидејќи пржениот компир содржи многу масти и се вари потешко, па ако изедете многу можете да се чувствувате и летаргично.

9-vidovi-hrana-koi-kje-vi-dadat-povekje-energija-od-sholja-kafe-07.jpg

Мешунки

Гравот, леќата и сличната зрнеста храна е одличен извор на растителни протеини кои даваат енергија.

Овие продукти содржат и комплексни јаглехидрати кои се варат побавно и ќе ве држат сити.

Истовремено, оваа храна има низок гликемичен индекс, што значи нема нагло да го зголеми нивото на шеќер во крвта.

9-vidovi-hrana-koi-kje-vi-dadat-povekje-energija-od-sholja-kafe-08.jpg

Јогурт

Јогуртот, но и другите слични млечни производи, содржат калциум, калиум и магнезиум, како и пробиотици кои му годат на дигестивниот систем.

Овие состојки и сите останати го прават одлична храна за деновите кога ви треба малку повеќе енергија.

9-vidovi-hrana-koi-kje-vi-dadat-povekje-energija-od-sholja-kafe-09.jpg

Банани

Бананите се покалорично овошје, но ова не значи дека треба да ги избегнувате. Тие имаат малку јаглехидрати и состојки кои можат да ви ја дадат потребната енергија.

Бананите се одлична ужина за пред вежбање бидејќи можат да ја намалат појавата на болка во мускулите.

9-vidovi-hrana-koi-kje-vi-dadat-povekje-energija-od-sholja-kafe-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...

Најчитани неделава