7 причини зошто треба да почнете да јадете цвекло секој ден

Ако сте физички активна личност, цвеклото, но и сокот од цвекло може да ја зголеми вашата издржливост и да ви го подобри перформансот.

7-prichini-zoshto-treba-da-pochnete-da-jadete-cveklo-sekoj-den-01.jpg

Како мали сите нè тераа да јадеме цвекло бидејќи „ја зајакнува крвта“.

Тогаш можеби не сме обрнувале многу внимание на оваа мудрост, но нашите родители, баби и дедовци навистина биле во право.

А, цвеклото не е добро само за крвта, туку и за срцето, дигестивниот систем и мозокот, а се верува дека го намалува и ризикот од рак.

Уште подобро е што цвеклото ги има речиси истите својства без разлика дали го консумирате свежо, варено или како природен сок.

Неколку причини зошто цвеклото треба да стане дел од вашата секојдневна исхрана:

Има многу хранливи материи, а малку калории

Цвеклото ги содржи сите витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело, дури и кога е варено.

Тоа содржи протеини, хранливи влакна, манган, бакар, калиум, магнезиум, витамини Ц и Б6, како и железо.

7-prichini-zoshto-treba-da-pochnete-da-jadete-cveklo-sekoj-den-02.jpg

Може да го контролира крвниот притисок

Бројни истражувања покажале дека цвеклото може да го намали крвниот притисок, а со тоа да го намали и ризикот од проблеми со срцето.

Но, мора да имате на ум дека треба редовно да консумирате цвекло за да ги почувствувате овие ефекти.

7-prichini-zoshto-treba-da-pochnete-da-jadete-cveklo-sekoj-den-03.jpg

Одлично е за спортисти

Неколку истражувања покажале дека нитратите во цвеклото можат да го подобрат перформансот на спортистите.

На пример, едно истражување покажало дека сокот од цвекло го намалува заморот, а со тоа ја подобрува ефикасноста во некој спорт.

Ако го консумирате цвеклото за овие придобивки, препорачливо е да го направите тоа околу 2-3 часа пред да почнете со спортување за максимално да го почувствувате ефектот.

7-prichini-zoshto-treba-da-pochnete-da-jadete-cveklo-sekoj-den-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Дали е поздраво овошје или смути и цедени сокови?“ Дали пиењето на овошјето е исто што и неговото јадење? Ако треба да се изби...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...

Најчитани неделава