7 причини зошто треба да почнете да јадете цвекло секој ден
Помага при воспаленија
Цвеклото има состојки со бројни антивоспалителни својства.
Поради ова, може да ги намали воспаленијата во организмот и да ја подобри состојбата на лица кои се соочуваат со дебелина, проблеми со срцето, проблеми со црниот дроб, па дури и рак.
На пример, истражување од 2014 година покажало дека испитаниците со остеоартритис кои пиеле капсули со екстракт од цвекло забележале значително намалување на болката.
Истражување спроведено на стаорци покажало дека цвеклото ја подобрува работата на бубрезите, а со тоа ја намалува штетата од токсините.
Го подобрува дигестивниот систем
Поради хранливите влакна, цвеклото е одлична храна за дигестивниот систем, бидејќи хранливите влакна ги хранат бактериите во стомакот кои се добри за нас.
Го подобрува здравјето на мозокот
Некои истражувања покажале дека нитратите во цвеклото можат да ја подобрат функцијата на мозокот бидејќи го зголемуваат дотокот на крв во него.
Други истражувања покажале дека ја подобрува меморијата, а го намалува и ризикот од деменција.
Иако се потребни дополнителни истражувања за да бидеме потполно сигурни во овие наоди, не губите ништо ако почнете да јадете цвекло почесто.
Можно е да го намалува ризикот од рак
Цвеклото има неколку состојки за кои е докажано дека го намалуваат ризикот од рак.
И во овој случај потребни се дополнителни истражувања, но досегашните покажале дека редовното јадење цвекло најверојатно може донекаде да го спречи ракот, но и да го забави неговото проширување.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





