Како правилно да ги складирате сирењето и кашкавалот за да траат подолго и да не им се промени вкусот?

Ни сирењето ни кашкавалот не треба да ги чувате во пластична фолија и не е препорачливо да ги замрзнувате бидејќи ќе настане промена не само во вкусот, туку и во нивната текстура.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-01.jpg

Кашкавалот и сирењето се едни од најчесто консумираните продукти.

Но и покрај нивната популарност, сите правиме по некоја грешка кога ги складираме.

Со овие грешки се намалува рокот на траење на овие продукти, а им се менува и вкусот.

За Insider, неколку експерти откриваат како да ги чувате кашкавалот и сирењето за да ви траат подолго и да го задржат добриот вкус:

Немојте да ги чувате во пластична фолија

Иако пластичната фолија изгледа како одличен начин да ги заштитите овие продукти, со овој начин на складирање можете само да им го уништите вкусот.

Пластичната фолија ги „задушува“ кашкавалот и сирењето и ја задржува влагата, а сето ова има влијание врз нивниот вкус.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-02.jpg

Немојте да ги чувате во алуминиумска фолија

Некои видови кашкавал и сирење имаат поголемо количество сол и киселини кои можат да создадат реакција со алуминиумската фолија, поради што настанува промена во вкусот.

Покрај тоа, со овој начин на складирање тие можат да се исушат многу брзо.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-03.jpg

Тврдите кашкавали не треба да се чуваат во затворени садови за храна

Садовите за храна со капак можат да бидат добри за складирање кашкавал, но не за тврди видови, како пармезан.

Но сепак, доколку немате друга опција, немојте добро да го затворате капакот за кашкавалот да може „да дише“.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-04.jpg

Идеално е да го чувате кашкавалот во хартија за таа намена

Идеално да го чувате кашкавалот во хартија за таа намена, односно хартијата којашто ја даваат и во продавница.

Оваа хартија му дозволува на кашкавалот „да дише“, а притоа не пропушта многу воздух кој може да го промени вкусот или да го исуши.

Доколку немате таква хартија, слободно можете да искористите хартија за печење.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-05.jpg

Не треба да ги оставате на собна температура

Потврдите кашкавали и сирења нема да се расипат ако постојат неколку часа на собна температура, но сигурно ќе почувствувате промена во вкусот.

Помеките кашкавали и сирења не треба да ги оставате на собна температура повеќе од два часа бидејќи можат и да се расипат.

kako-pravilno-da-gi-skladirate-sirenjeto-i-kashkavalot-za-da-traat-podolgo-i-da-ne-im-se-promeni-vkusot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
Улична храна која сите ја обожаваме во лето (во родниот град или кога сме на одмор) Чичкото кој продава домашни ѓевречиња во подвижна количка со стакло низ македонс...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...

Најчитани неделава