11 кулинарски трикови што можеме да ги научиме од Италијанците

Одбирајте го видот тестенини според сосот

Разните видови тестенини одговараат со различни сосови.

На пример, шпагетите одат најдобро со поретки сосови, како доматен сос, додека тестенините како фетучини треба да се комбинираат со погусти сосови.

Тестенините како ригатони се исто така добри за погусти сосови поради нивната форма – дупката во средината може да „зароби“ голем дел од сосот.

Тестенините како фусили и машнички се одлични како додаток во салати или со сосови со повеќе зеленчук и месо.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite-07.jpg

Немојте да ги кршите шпагетите

Голема е веројатноста да имате баба која има навивка да ги крши шпагетите за да ги собере во тенџерето.

Ова е погрешно бидејќи многу е потешко да ги „уловите“ кратките шпагети од чинијата.

Доволно е да ги ставете шпагетите во тенџерето, а кога ќе омекне потопениот дел, нежно поттурнете го и останатиот дел во водата.

Секако, не заборавајте да ги промешувате додека се варат.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite08.jpg

Користете моцарела за пица

Моцарелата е богата со масти, се топи лесно и има мека текстура. Поради ова, таа е најдобриот избор за пица.

Можете да ставате и другите видови кашкавал, но избегнувајте ги многу тврдите бидејќи можат да го уништат вкусот на пицата.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite09.jpg

Правете ги сосовите со толчник

Ако правите сос како песто, секогаш е подобро да употребите толчник наместо блендер.

Можеби ова ќе ви одземе повеќе време, но со толчникот ќе ослободите многу повеќе вкусови од состојките.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite-10.jpg

Не ги подгревајте вчерашните тестенини

Ако ви останале тестенини, немојте да ги подгревате во микробранова или што било бидејќи само ќе се исушат.

Наместо тоа, направете нов сос, па само измешајте ги тестенините со него.

Можете и да ги измешате со состојки како моцарела и доматен сос, и да ги запечете во рерна.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite-11.jpg

Ставајте мало количество тестенини

Ако сте како повеќето, веројатно ги мерите тестенините „од око“.

Тестенините сепак се храна која дебелее ако претераме со неа, а Италијанците многу добро го знаат ова.

Според нив, идеално е да ставате околу 70-80 грама тестенини за една порција. Со варењето, тие ќе впијат вода и нивната грамажа ќе се зголеми, па во комбинација со сос, ќе бидат сосема доволно за еден оброк.

11-kulinarski-trikovi-shto-mozheme-da-gi-nauchime-od-italijancite-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Maкедонски нутриционист одговара: „Смеам ли да ги загревам компирот и оризот или да ги фрлам?“ „Оризов и компиров да го подгревам или да го фрлам? Знаете дека тоа е едно од на...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава