Тања од Скопје беше на фестивалот „Tommorowland“ во Белгија: „Тешко се доаѓа до билети, имаме незаборавни спомени“

„Можеби немаме фотографии од сите стејџови, ама затоа имаме спомени и дружења со нови пријатели“ - вели за CRNOBELO.com, Тања од Скопје која со сопругот имала можност да присуствува на најпознатиот и најпосетениот фестивал на електронска музика Tommorowland кој се одржува во Бум Белгија. Можноста да се стекнете со билет за овој фестивал се добива преку лотарија, а Тања билетот го добила како подарок од сопругот за роденден.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-01.jpg

Tommorowland е најпознатиот и најпосетениот фестивал на електронската музика кој секоја година во месец јули го обединува светот и е место за забава на илјадници луѓе. 

Идејата за настанот е од 2005 година кога бил организиран како еднодневна журка со неколку артисти, за денес да стане најпопуларна дестинација за слушателите на овој тип на музика но и за сите оние кои сакаат да се забавуваат и уживаат во целосната организација на четиринаесетте екстравагантни и уникатно уредени сцени лоцирани во рекреативен парк во областа Бум, Белгија.

Тања од скопје, годинава имала можност по вторпат да присуствува на фестивалот Tommorowland заедно со нејзиниот сопруг, а за читателите на CRNOBELO.com таа сподели повеќе фотографии од настанот, но и впечатоци за тоа како си поминала и зошто ова е настан што сите обожаватели на електронската музика треба да го посетат.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-06.jpg

Таа откри дека нејзиниот сопруг ја изненадил со картите за фестивалот по повод нејзиниот роденден. Оваа година по втор пат го посетува фестивалот, а дефинитивно ќе се врати и следната.

Тања вели дека најтешкиот дел е обезбедувањето на карти, бидејќи тие се распродаваат само за неколку часа бидејќи сите со нетрпение го очекуваат овој фестивал, а можноста за да обезбедите билети ја добивате со помош на лотарија.

„Организацијата за наредниот започнува веднаш откако ќе заврши фестивалот што значи доколку го читате овој текст и сакате наредната година да бидете дел од оваа музичка, волшебна приказна треба веднаш да се регистрирате за лотаријата и да се надевате дека ќе бидете извлечени за да можете да имате пристап до страната за продажба на билети“- појаснува таа додавајќи дека картите може да се купат поединечно само за еден ден или за цел викенд.

Исто така постои опција да се земат во комбинација со ноќевања во фестивалските кампови, шатори или бунгалови каде што забавата со Tommorowland пријателите никогаш не престанува.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-04.jpg

„Предност на резервација на билетите имаат Белгијците, па така мојот сопруг две години по ред ме изненадува со роденденски подарок-карти за фестивалот.

Оваа година нашите карти беа за вториот викенд, на 29 јули, сабота со целодневен влез на барот Versuz, кој беше лоциран до една од најубавите според мене уредени сцени - The Library stage, која е направена да изгледа како древна библиотека од минатото, украсена со неверојатни уметнички инсталации кои изгледаат како огромни полици за книги уредени со имагинарни книги“ - сподели Тања за CRNOBELO.com.

Таа додаде дека поголемиот дел од денот го поминале на бар Versuz.

Овој бар покрај незаборавната журка, на посетителите им нудел и со место за одмор и релаксација на лежалки покрај базен, за кратка пауза и полнење на батериите.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-15.jpg

„Барот имаше и ресторани за храна, кои нудат на менито од грицки и сендвичи до традиционални кујни од неколку држави, потоа шанкови на кои цените на пијачките се како во дискотеките низ Европа, но најубавото е што нуди директен, спектакуларен поглед на Library stage, на која на зајдисонце тој ден имаа настап за паметење популарните Robin Schulz, Kungs и Lost Grequencies“ – додаде таа.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-09.jpg

Најпосетен и најкреативен стејџ кој освојува највеќе симпатии од посетителите со неговата бајковита сцена е секако главниот - Main Stage кој е централно поставен на големата површина во паркот и каде што во текот на целиот ден почнувајќи од 12:00 часот напладне па се до 01:00 часот настапуваат најпознатите и најслушани диџеи од светот.

„Оваа година имавме можност да ги гледаме сценските настапи и да ги слушаме музичките изведби на таа сцена на Nervo, John Newman, Armin Van Buuren, Dimitri Vegas & Like Mike, Steve Aoki“-појасни Тања.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-03.jpg

За неа посебно интересен и поинаков од сите бил Core стејџот бидејќи е природно опкружен со многу зеленило и дрвја, шума со високи растенија кои се заплеткани и изгледаат како да е во некоја џунгла па така магично се добива впечаток дека е оддалечен од цивилизација и изолиран од околината.

„Фестивалот не е само наместени музички сцени, туку целосно oрганизиран и уреден парк со различни активности и занимливости, многу барови и шанкови, ВИП ресторани за бизнис состаноци, слаткарници со десерти и сладоледи, продавници во кои може да се најдат рачни изработки како и сувенири од настанот, работилници, мини изложби па така и посетителите се со најразлични професии, од различни националности и вери но сите дојдени со една единствена цел-да се дружат, забавуваат и станат дел од Tommorowland family“ – изјави младата скопјанка која по втор пат го посети најголемиот фестивал во Европа.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-02.jpg

„Во секој дел од денот на сите сцени паралелно има различни перформанси и настапи па затоа секогаш однапред имаме подготвено агенда каде и во колку часот треба да сме, за да стигнеме на настапите на омилените изведувачи, но оваа година бевме поспонтани од лани, па се случуваше да тргнеме на една страна и во моментот одлучувавме дека ни е позабавно да сме на Corona beer забава на шанк со друштво од Мексико и да останеме таму и заборавиме каде воопшто сме тргнале.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-12.jpg

Можеби немаме фотографии од сите стејџови, ама затоа имаме спомени и дружења со нови пријатели“– ни раскажа таа, додавајќи дека посветеноста на организаторите за беспрекорната функционалност на секој агол на фестивалот, како и идејата за обединување на своите посетителите од целиот свет, создава приказна која сите што биле дел од настанот ја доживуваат како магично и единствено искуство така што дефинитвно би го посетила повторно и наредната година.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-07_copy.jpg

Оваа година на фестивалот настапија над 600 познати изведувачи во двата викенда кога беше организиран (21-23 јули и 28-30 јули), сите со цел да ја анимираат публиката, да ја соединат од секој агол на планетава и да ја обединат преку музика како и да направат секој посетител со нетрпение да ја очекува следната година за повторна средба со ’People of Tommorowland‘ како што се нарекуваат меѓусебе.

tanja-za-tommorowland-nastap-za-pametenje-na-popularni-didjei-na-zajdisonce-05.jpg

Погледнете повеќе фотографии од фестивалот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работев во Етиопија 8 месеци како градежен инженер – сакав да се вратам назад со првиот... „Кога пристигнав во кампот, од сите страни беше затворено со бетонска ограда вис...
Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg