Даница Стојановска за искачувањето на Олимп: „Се пешачи 12 часа и еден погрешен чекор може да биде фатален, но маката вреди за погледот“

„Олимп е планина во којашто се заљубив од првпат кога ја посетив во 2014 година и сметам дека Олимп е рај за секој планинар. Оттогаш, секогаш со задоволство се навраќам на оваа планина, најчесто во лето, но ја имам посетено и во зима. Во мојот случај, прво одам на море еден ден, а потоа следи искачување на највисоката точка во Грција, а тоа се врвовите Митикас и Стефани, па после уште ден-два на плажа“, открива за CRNOBELO.com Даница Стојановска.

BeFunky collage

Авантурите на Даница Стојановска од Кавадарци постојано се нижат една по друга. Покрај многуте искачени врвови во Македонија, ова лето таа повторно ѝ се врати на планината Олимп за да си ги наполни очите со волшебни изгрејсонца и во своето секојдневие да внесе дополнителен адреналин кој е неразделен дел од неа.

Во продолжение следува разговор со Даница која ни открива за возбудливите моменти од планинарската тура на Олимп, пренесувајќи го своето искуство со читателите на CRNOBELO.com:

Досега Олимп ја имаш искачено неколкупати - што те инспирира одново и одново да ѝ се навраќаш на оваа планина?

Олимп е планина во којашто се заљубив од првпат кога ја посетив во 2014 година и сметам дека Олимп е рај за секој планинар. Оттогаш, секогаш со задоволство се навраќам на оваа планина, најчесто во лето, но ја имам посетено и во зима. Самата планина има посебна магија и спектакуларни погледи кон изгрејсонцето на Егејско Море.

Во мојот случај, прво одам на море еден ден, а потоа следи искачување на највисоката точка во Грција, а тоа се врвовите Митикас (2.918 мнв.) и Стефани (2.909 мнв.), па после уште ден-два на плажа. Или, што би се рекло, се спуштам од највисоката до најниската точка во Грција.

Не залудно античките Грци ја избрале планината Олимп за седиште на боговите. Највисоката точка во Грција отсекогаш буди чувство на стравопочит со сиот богат див свет, мистеријата на клисурите, пештерите, висорамнините и врвовите покриени со магла. Немало поидеална локација, па затоа Зевс се одлучил токму за Олимп.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 16

Какво беше подготовката за турата? Потребни ли беа некакви дозволи?

Целото планинарење дефинитивно си бара психофизичка спремност, посебно во мојот случај кога сакаш во еден ден да ги искачиш и двата врва, Митикас и Стефани, а притоа почетна точка да ти е паркингот на Приониа.

За да се нафатиш на овој чекор, мора да немаш страв од висина, затоа што има огромни провалии што се наоѓаат до самиот пат до врвовите. Треба да се поседува и соодветна опрема, а таа е различна за во лето и во зима.

Ние најчесто кампуваме, иако самиот национален парк Олимп располага со 8 планинарски домови во коишто може да се преноќева.

Вообичаено се потребни два дена за да се искачат врвовите со преноќување во некој од планинарските домови, и повеќето планинари тоа го прават за два дена. Но, јас и друштвото со кое одам најчесто (од мојот планинарски клуб „Анапурна“) тоа го правиме за еден ден.

Тргнуваме од паркингот кај Приониа (во близина на гратчето Литохоро), по патека која е долга околу 25km и има пешачење од околу 12 часа, кои иако не се малку, вредат за секој поглед. За искачување на Олимп не треба никаква посебна дозвола од Националниот парк.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 15

Кој беше најпредизвикувачкиот дел од турата?

Самото искачување до врвите е доста интересно, но исто така и ризично, со тоа што има неколку патеки, а ние секогаш качувањето до самите врвови го правиме од кулоарите коишто директно водат до врвовите Митикас и Стефани.

Искачување под самиот врв бара големо внимание и концентрација, зошто еден погрешен чекор може да биде фатален.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 14

Од неколку тури на Олимп, кои моменти и изненадувања постојано ги споделуваш со другите?

Ги имам искачено двата врва Стефани и Митикас ноќе, во една преубава летна вечер каде што, во самиот кулоар под врвот Стефани, кој технички се смета за почеток на врвот Митикас, на средe искачување почна да врне и нè обви густа магла.

Никогаш нема да ја заборавам оваа ситуацијата, како и тишината што владееше на 2.900 мнв. и прашањата што ми се нижеа во глава. За среќа, сè се заврши како што треба.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 11

Планината Олимп е позната по својата убавина. Се сретна ли со некој специфичен вид животно или растителни видови по патеката?

Дивите кози на кои карпестите планини им се домови.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 13

Олимп е синоним за грчката митологија. Посети ли некои историски места или знаменитости поврзани со грчките богови?

Врвов Стефани се смета за тронот на Зевс, а патеката исто поминува покрај Платото на музите – камени блокови посветени на музите чија улога била да ја заштитат уметноста на Античка Грција и да ги забавуваат боговите.

danica stojanovska na planinarska tura na olimp potrebna e psihofizi ka podgotvenost kako i mnogu koncenctracija za da se iskaci planinata na bogovite 10

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...
Бојана од Скопје живее во САД: „Флорида не беше мојот прв избор за живот, но љубовта ме задржа тука“ „Флорида не беше мојот прв избор, но љубовта си го прави своето и останав овде з...
Бранко Илиески за патувањето во Норвешка: „Ја посетив најсеверната точка во Европа, тука јадат многу... „Фјордовите се нешто навистина прекрасно за гледање. Крстарејќи помеѓу нив остан...
„Од Скопје до Лефкада патував 8 часа, ме восхити старица што скокна со падобран - Зошто постојано се... Последниве 10-12 години секогаш кога почнуваат муабетите и плановите за летување...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg