Нина Ангеловска за престојот во Кина со сопругот и бебето: „Овошје на тезга се плаќа со QR код, во хотелот нè услужуваат два робота“
Зошто оваа земја е светлосни години пред нас?
Колективната дисциплина, трудољубивоста, работливоста и отвореноста кон промени овозможуваат развој со неверојатна брзина.
Кина во последните четири декади направи економски и технолошки скок каков што ретко се има видено во историјата.
Од земја со доминантно земјоделство, стана глобален индустриски, технолошки и економски лидер.
Тоа не е случајно туку е резултат на долгорочна, паметно осмислена државна стратегија фокусирана на индустријализација, отворање кон странски инвестиции, поттикнување на иновации и масовни вложувања во инфраструктура и технологија.
Кинезите имаат неверојатна способност за учење, прилагодување и брза примена на новите технологии. Стратегијата им е ориентирана кон иднината, а во центарот им се секторите како вештачка интелигенција, нови енергии, биотехнологија, е-трговија, дигитализација на услугите.
Исто така, нивниот начин на размислување е долгорочен, планираат за децении однапред, а не за краткорочни резултати.
Во секојдневието, тоа се гледа во практична интеграција на технологијата - од мобилни плаќања и паметни градови до автоматизација на процесите и развој на еко-системи што овозможуваат ефикасност на секое ниво.
Би можела ли да се замислиш да живееш таму?
Гледам секогаш да се водам по она правило дека ‘никогаш не треба да викам никогаш’… ама искрено колку и да е развиено, напредно и убаво за живеење далечината од дома каде што ми е семејството и пријателите, носталгичноста, како и различниот начин на живеење и менталитет се работи на кои има давам голем тежински фактор за да би можела да се замислам тука да живеам.
Повеќе фотографии од Кина:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело / фото: приватна архива
Би можело да ве интересира:



