Карина од Колумбија живее во Неготино со сопругот: „Ми се допаѓа што Македонците се многу блиски со своите баби и дедовци“
Какви се односите меѓу луѓето во Колумбија – пријателства, соседи, семејни врски?
Односите меѓу луѓето во Колумбија се слични како и тука.
Во сите латиноамерикански земји, ние сме многу семејно ориентирани. Се собираме многу и сме многу блиски со семејството и пријателите.
Исто така, речиси секогаш имаме добар однос со нашите соседи, без разлика дали е за кафе или за седење и разговор. Луѓето што живеат во вашата населба или зграда се исто така како семејство.
Кој обичај или традиција од Колумбија ти е најдраг и зошто? Како се разликуваат прославите и празниците таму во споредба со Македонија?
Од колумбиските обичаи, мислам дека моите омилени се карневалот во Barranquilla и Божиќ.
Ние сме католици, а за Божиќ имаме неколку многу поразлични и убави обичаи. Навистина ми се допаѓа Божиќ таму.
Разликата во прославите и празниците е што таму, сите соседи и семејство се собираат кога ќе слават нешто. Семејствата се многу поголеми од тука и секогаш е забавно.
Што би им препорачала на Македонците да посетат или пробаат доколку патуваат во Колумбија?
Ако отпатувате во Колумбија, ви препорачувам да ги посетите Меделин, Сан Андрес, Санта Марта, плажите на Пацификот или Богота.
Во моментов, во Меделин има премногу туристи и токму поради тоа трошоците и цените значително се зголемени. На некој начин, животот за Колумбијците таму стана неодржлив.
Поради тоа, без разлика дали сте добар турист или не, повеќе нема да бидете гледани како добар турист, ниту пак добро прифатени од локалното население, бидејќи најголем дел од туристите доаѓаат за сексуален туризам и само за забави, а не за да уживаат во прекрасното време, природата, културата, музиката и топлината што луѓето таму ја имаат.
Всушност, токму тие неколку лоши работи се тоа што нè претставува како луѓе и држава во светот, но тоа е многу поразлично од вистинската слика на Колумбија, на нејзините луѓе, убавата култура и недопрената природа.
Прочитајте и На Карина, Неготино ѝ стана дом, научи македонски јазик и снима хит видеа: „Шопска салата ми е омилена и фразата ‘Ќе биде’“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





